Македонија
Јолевски во обиколка на сместувачките капацитети на АРМ на јужната граница

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во вторникот беше во обиколка на сместувачките капацитети на Армијата на Република Македонија на јужната граница, односно во околината на Богданци.
Во оваа прилика Јолевски истакна дека за време на денешната посета, од страна на командантите и командирите на АРМ кои се одговорни за обезбедување на нашата јужна граница, беше информиран дека состојбата на границата е стабилна и дека бројот на мигранти е значително намален.
„Во споредба со периодот пред точно една година кога во координацијата на земјите на т.н. Балканска рута се затвори оваа патека на движење, бројот на илегални преминувања е значително намален, а исто така од минатата есен тенденцијата на преминувања е намалена“, рече Јолевски.
„Армијата на Република Македонија и институциите во Македонија внимателно ја следат состојбата на границата и развојот на мигрантската криза. Имаме развиено соодветни планови доколку се зголеми приливот на мигранти во Република Македонија од нашата јужна страна“, додаде тој.
Во рамки на посетата министерот имаше и заеднички ручек со припадниците на АРМ стационирани на јужната граница во поддршка на полицијата во справувањето со мигрантската криза.
Република Македонија и АРМ во голем број наврати дадоа несебична поддршка кон одржувањето на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, државата, но и во поширока смисла, регионот и Европа./крајмф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.