Европа
Москва пред МСП ги отфрла украинските обвинувања за тероризам

Русија во вторникот изјави дека „нема никакви правни ниту фактични основи“ за обвинувањата од страна на Украина којашто пред Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) тврди дека Москва го „поддржува тероризмот“ на истокот од украинските територии населени претежно со руско и рускојазично население, каде што по соборувањето на прорускиот претседател Виктор Јанукович во Киев веќе три години траат судирите меѓу силите на киевските власти и милициите на одметнатите региони во Донбас.
„Руската Федерација ги почитува своите обврски од договорот на кој се повикува Украина“ во одбрана на својот став пред МСП, изјави пред судиите водителот за правни работи при руското министерство за надворешни работи, Роман Колодкин.
„Не наоѓаме никакви правни ниту фактички основи“ за мерките коишто ги бара Киев, додал Колодкин.
Украина во понеделникот побара носење итни мерки за Москва да ја прекине „секоја помош“ на бунтовниците, како финансиска, така и воена и во луѓе и „дискриминацијата“, како што велат од Киев, на малцинствата на црноморскиот полуостров Крим кој по референдумот се определи за присоединување на Руската Федерација, а Украина и Западот го сметаат тоа за нелегално руско анектирање на украинска територија.
Поради тригодишниот судир меѓу украинските сили и бунтовниците на југоистокот од земјата, во кој според процените загинале околу 10.000 луѓе меѓу кои и многу цивили, односите меѓу Западот и Русија се спуштија на најниското ниво од крајот на блоковската идеолошка Студена војна.
Украина кон средината на јануари поднесе тужба на судот во Хаг, откако повеќе години потроши протестирајќи против наводното руско финансирање на бунтовниците кои се борат против силите на владата во Киев.
Киев, покрај тоа, сака Русија „во целост да ја надомести штетата настаната поради (…) секој терористички чин кој Руската Федерација го предизвикала, го поттикнала и го овозможил“. Тоа ја вклучува учува и несреќата на авионот на малезиската воздухопловна компанија „Malaysije Airlines“ на летот MH17 од Амстердам до Куала Лумпур во кој загинаа над 270 луѓе претежно холандски државјани. И Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за оваа катастрофа во која авионот наводно е соборен со проектил истрелан од областа на источна Украина, но прашање е чии сили го истрелале./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и дека Москва има целосна стратешка иницијатива на бојното поле.
На состанокот со високи воени команданти, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат од фронтот во сите сектори.
Тој нагласи дека Киев се обидува да пука длабоко на руска територија, но дека тоа нема да помогне да се промени ситуацијата во војната што трае повеќе од три и пол години.
„Во моментов, руските вооружени сили целосно ја држат стратешката иницијатива“, рече Путин на состанок во северозападна Русија, според Кремљ.
„Оваа година ослободивме речиси 5.000 километри територија, 4.900 километри и 212 населени места.“
Украинските сили, рече тој, „се повлекуваат по линијата на борбен контакт, и покрај обидите за жесток отпор.“
фото: принтскрин
Европа
Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество во геноцид поврзан со израелската офанзива во Газа.
Во интервју за италијанската телевизиска станица РАИ, Мелони рече дека министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се пријавени во Меѓународниот кривичен суд и рече дека „мисли“ дека тоа се однесува и на Роберто Чинголани, шефот на одбранбената групација Леонардо.
„Верувам дека нема друг случај во светот или во историјата со вакви обвинувања“, рече Мелони.
Таа не прецизираше кој го поднел случајот против неа и министрите.
Меѓународниот кривичен суд истражува, гони и суди лица обвинети за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Италија беше место на серија демонстрации во изминатата недела, при што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против масовните убиства во Газа, а многу демонстранти беа насочени кон Мелони.
Нејзината десничарска влада, во голема мера цврст поддржувач на Израел, неодамна се дистанцира од она што го нарекува „несразмерна“ офанзива во Газа, но не прекина никакви трговски или дипломатски врски, ниту ја призна државата Палестина.
Мелони рече дека е „зачудена“ од обвинувањето за соучество во геноцид бидејќи „секој што ја познава ситуацијата знае дека Италија, на пример, не одобрила нови испораки на оружје во Израел по 7 октомври“.
фото: принтскрин
Европа
Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари 2022 година биле правилни, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој го изјави ова отворајќи го состанокот со командантите на групите на сили во Санкт Петербург, пишува ТАСС.
Путин истакна дека фактот што „жителите на тие региони со огромно мнозинство гласаа за својата иднина како дел од Русија ја потврдува исправноста и актуелноста на одлуките донесени на почетокот на војната“.
Рускиот претседател, исто така, потсети дека 30 септември го означува „Денот на повторното обединување“ на самопрогласената Донецка Народна Република и Луганска Народна Република и (делови од) Запорошката и Херсонската област со Руската Федерација.
фото: принтскрин