Европа
Француската влада критикувана по насилствата во доселеничко предградие на Париз
Фрлањето чадни бомби во средно училиште во близна на француската престолнина Париз по што уследија безредија во нејзината околина, ги наведоа во средата, во екот на кампањата за претседателските избори, конзервативците и крајната десница да ја критикуваат социјалистичката влада.
Во вторникот утрото чадни бомби биле фрлани во кругот на средното училиште Суже, во проблематичното париско предградие Сен Дени, мултиетничка главно доселеничка населба северно од Париз. По евакуирањето на училиштето, „осумдесет до стотина ученици“, се упатиле кон центарот на градот, рекол полициски извор. „Со камења ја гаѓаа полицијата, палеа канти за смет и го уништуваа градскиот инвентар“, додал.
„Тоа е вистински бунт по кој следеше герилска војна на градските улици“, изјави кандидатот на конзервативците и десниот центар на претседателските избори Франсоа Фијон додавајќи дека „има нешто скршено во нашата Република“.
Челничката на крајната десница, која воедно води за победа во првиот круг од изборите на 23-ми април, пак, ја критикуваше „минималната реакција“ на владата.
„Премиерот сигурно премногу е преокупиран со кампањата против мојата кандидатура за да се грижи што се случува во земјата“, истакна Лепен, повикувајќи на „повторно воспоставување на републиканскиот ред и ослободување на изгубената територија на Републиката“.
Најмалку 55 млади луѓе, од кои 44 се малолетници, сее притворени од вторникот поради „планирање насилства“, „вооружено здружување“ и „подметнување пожари“. Осуммина е бидат изведен пред суд, а другите беа пуштени во средата навечер, објави државното обвинителство на Бобињи, во близина на Париз.
Социјалистичкиот премиер, поранешен министер за внатрешни работи
Бернар Казанев ѝ одговори на Лепен предупредувајќи дека „некои сакаат да го искористат ова неприфатливо насилство во изборни цели“.
Во заднината на овие безредија стојат „опашките од аферата Тео“, наречена по името на младиот црнец, жртва на наводно силување со полициски пендрек во текот на неговото апсење на 2-ри февруари близу Сен Дени, реле за AFP полициски извори. „Можеа да се слушнат слоганите како одмазда за Тео“, рекол неименуван извор.
Последните неколку седмици, на собирите против полициската бруталност, избувнаа судири во близина на неколку средни училишта во Париз и неговата околина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.
Европа
Во борбена мисија загина екипажот на украински хеликоптер Ми-24
Екипажот на хеликоптер Ми-24 од 12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ загина за време на борбена мисија, објави бригадата на социјалните мрежи, како што пренесе Правда.
„Екипажот на хеликоптерот Ми-24 загина при извршување на борбена мисија. Ова е непоправлива загуба за авијацијата, за државата и за семејствата кои ги чекаа своите најблиски дома“, се вели во соопштението.
Околностите под кои загина екипажот не се откриени.
12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ е единица на украинската воена авијација која се наоѓа во градот Нови Калинив, регионот Лавов. Таа е директно подредена на Командата на копнените сили на вооружените сили на Украина.
Европа
Орбан: Ароганцијата на Брисел е на врвот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро ги коментираше најновите случувања во Брисел, опишувајќи ги со зборовите: „Ароганцијата на Брисел е на врвот“. Во објава на социјалните мрежи, Орбан го критикуваше ставот на Европската Унија кон пристапувањето на Србија, а воедно рече дека Унгарија нема да учествува во финансирањето на Украина и е подготвена да остане во Брисел „колку што е потребно“ за да ја брани својата позиција, објави hirado.hu.
Критики за ставот кон Србија
Орбан се осврна на самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во среда, кој, како што рече, бил подготвен на таков начин што српскиот претседател дури и не дошол. Според него, ова не е изненадувачки бидејќи Србија, која е кандидат за членство од 2012 година, е „заглавена со години“ без конкретен напредок во пристапувањето, со изговори за проблеми со владеењето на правото. Унгарскиот премиер направи паралела со Украина, каде што претставниците на Брисел, како што забележа, не нашле слични пречки.
„Претседателот Вучиќ постапи правилно што не учествуваше во оваа претстава. И е срам за Унијата и бриселските бирократи кои го свикаа самитот што значаен дел од земјите-членки дури и не дојдоа во Брисел вчера“, рече Орбан.
„Нема да учествуваме во финансирањето на војната“
Коментирајќи ги денешните настани, тој нагласи дека ароганцијата продолжува. „Бирократите се колнат дека не можеме да си одиме дома додека не се реши финансирањето на Украина. Тоа е, финансирањето на војната“, напиша Орбан, цврсто наведувајќи дека Унгарија нема да учествува во ова.
„Ќе бидеме тука колку што е потребно. Неколку непроспиени ноќи не се крај на светот. Тоа е сигурно подобро од војна“, заклучи унгарскиот премиер.

