Регион
Се очекува промена на мигрантската рута – ќе тргнат преку Босна

Државниот секретар од српското Министерство за труд Ненад Иванишевиќ изјави во петокот дека во текот на наредниот период се очекува поголем прилив на мигранти.
Иванишевиќ рече дека моментално во Србија има околу 7.000 мигранти, од кои 6.000 се во прифатните центри, а останатите се сместени по парковите и околу железничката станица во Белград.
Зборувајќи за затворањето на хрватската и унгарската граница, тој посочи дека може да се очекува промена на мигранстката рута, која ќе минува низ Босна и Херцеговина. Границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска е долга 1.000 километи и не постои можност целосно да се контролира.
Српскиот државен сектретар додава дека некои НВО организации ги потикнуваат мигрантите да останат на улица или во парковите.
„НВО организациите се партнери на Владата на Србија, но некои се неодговорни и со цел да го оправдаат својот буџет тие се обидуваат да ги задржат луѓето надвор. Ги повикувам сите кои се во можност да дојдат во 14-те центри и да им помогнат на мигрантите“, рече Иванишевиќ гостувајќи на РТС.
Тој додаде дека српските капацитети нема да се зголемуваат, но тие ќе се реновираат.
„Нашиот капациет се 6.000 места и ние нема тој број да го зголемуваме“, додал српкиот државен секретар Ненад Иванишевиќ гостувајќи на државната телевизија./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Гори во Грција: Издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми.
Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.
„Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата и Керамис, засолнете се и упатете се во правец на Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се наведува во известувањето на противпожарната служба.
Четири авиони и два хеликоптери исто така помагаат во гаснењето на пожарот, пишува грчкиот весник.
Фото: принтскрин
Регион
Плинска боца експлодира во стан на српски туристи во Грција, има повредени

Пет туристи од Србија се повредени денес во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, во регионот на Солун, од кои еден доби тешки изгореници, објавува Катимерини.
Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.
Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, објавува Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се пренесени во свесна состојба во Општата болница во Солун.
Полицијата го уапси 86-годишниот сопственик на куќата, а надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата.
Регион
Полицијата на Истра уапси Германец: снимал голи деца со рачен часовник

Истарската полиција приведе германски државјанин (31), кој е обвинет за експлоатација на деца за порнографија откога е откриено дека снима голи деца на плажа со рачен часовник со интегрирана камера.
Граѓаните ја известиле полицијата во вторникот околу 18 часот кога забележале дека мажот снима деца со рачен часовник. Полицијата ги претресла неговите простории, автомобилот и друга техничка опрема и пронашла инкриминирачки снимки. Еден ден подоцна тој бил предаден на притворската единица на Полициската управа на Истра со кривична пријава.
„Полицијата апелира до родителите да ги следат своите деца и да гледаат каде се и што прават на плажа. Облечете ги вашите деца во костими за капење, а доколку забележите сомнително лице што снима деца, веднаш известете ја полицијата на 192“, велат од полицијата додавајќи дека ваквите акции покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека препознавањето на сомнителното однесување овозможува навремен одговор и апсење на сторителот“.
Фото: принтскрин