Скопје
Женска трка во Скопје – патека полна здравје
Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на „Виз Ер“ Скопски маратон 2015, ќе се одржи третата женска трка, која има за цел да им помогне на жените со вежбање за превенција од заболувања.
Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на „Виз Ер“ Скопски маратон 2015, ќе се одржи третата женска трка, која има за цел да им помогне на жените со вежбање за превенција од заболувања.
На 5 април, во недела, со почеток од 10.30 часот ќе се одржи Аеробик час, а веднаш потоа, во 11 часот започнува и трката на 1.000 метри. Место на случувањето е Градски парк, кај Школка. Право на учество имаат сите припаднички на понежниот пол од сите возрасти, а пријавувањето е најдоцна до 2-ри април. Котизацијата за учество е симболични 100 денари.
„Женската трка која што по трет пат ќе се случува во Скопје, е со една и единствена цел: Превенцијата од заболувањата да ја започнеме со вежбање! Денешните модерни и урбани жени имаат се’ повеќе обврски, а се помалку време за себе и време за вежбање, така што оваa покана е начин тоа да се промени, сега и тука. Трките од ваков, ревијален карактер се одржуваат насекаде во светот со една иста цел, подигање на свеста кај жените да започнат со активност која позитивно ќе влијае на нивното здравје. Ги повикувам сите жени да се пријават, да учествуваат и за момент да ги почувствуваат благодетите од оваа Женска трка“, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Град Скопје, организатори на „Виз Ер“ Скопски Маратон.
Сите заинтересирани жени за учество во Женската трка може да се пријават на http://skopskimaraton.com.mk/zenskatrkaprijava, а плаќањето во износ на 100 денари се врши преку сметката на Сојуз на спортови на Скопје, – 300000003225674 Комерцијална Банка.
Секоја учесничка ќе добие стартен број, со кој учествува во лотаријата. Трката има ревијален карактер, а обезбедените награди ќе се поделат со извлекување на среќни броеви./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.
Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

