Компании
Wizz air доби финансиска помош од Македонија за нови авиолини
Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и во источна Европа, објави дека превезла 15,8 милиони патници во 2014 година, што претставува пораст од 17 отсто на бројот на патници од претходната година, а Македонија финансиски ја помага компанијата за да воспостави нови авиолинии.
Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и во источна Европа, објави дека превезла 15,8 милиони патници во 2014 година, што претставува пораст од 17 отсто на бројот на патници од претходната година, а Македонија финансиски ја помага компанијата за да воспостави нови авиолинии.
На крајот на годината, авиокомпанијата имаше летови со попуст за 106 дестинации во 37 земји, во вкупно 355 правци. Wizz Air поседува 54 авиони „Ербас А320“, со кои опслужува 18 оперативни бази во 10 земји во централна и во источна Европа. Претходно најавената база во Тузла, Босна и Херцеговина, ќе почне со работа во јуни годинава.
„2014 беше уште една одлична година за Wizz Air, обележана со опфат на повеќе земји и дестинации во повеќе правци од кога и да било досега. Ние превезовме 2,3 милиона патници повеќе отколку пред една година. Подготвени сме за понатамошен раст на нашата постојана флота, за проширување на мрежата во 2015 година и за превоз на повеќе патници по пониски цени во Централна и во Источна Европа. Се гордееме со нашиот придонес во економскиот развој на пазарите на кои сме присутни и со создавањето нови директни и индиректни работни места, кои се резултат на нашиот раст“, рече Јозеф Варади, главен извршен директор на Wizz Air.
Од Министерството за транспорт и врски, пак, соопштија дека го потпишале договорот со нискобуџетната авиокомпанија Wizz air за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за период од 2015 до 2018 година.
Имено согласно договорот, Wizz air во јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно.
Од аеродормот „Св. Апостол Павле“ од Охрид, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.
Билетитете за шестте нови дестинации ќе бидат пуштени во продажба во месец февруари.
Сакаме да потенцираме дека со воведувањето на новите дестинации се отворија можности да се посетат арактивностите што ги нудат овие градови во делот на туризмот, културните и спортски настани, итн.
Она што е значајно за сите граѓани е дека со воведување на овие авионски линии се зголемуваат можностите за патување и до други европски метрополи, кои до сега не беа достапни како дирекни линии и создаваа дополнителни трошоци за патниците.
Дирекната линија од Охрид до Базел ќе значи зголемување на искористеноста на Охридскиот аеродром како и за привлекување на нови странски туристи, привлекување на странски инвестиции и економски раст и развој на општината.
Само за потсеување дека покрај најавените шест нови дестинации, во изминатиот период преку Проектот за доделување на финансиска поддршка на нови авиолинии се воведоа директни летови кон Малме, Базел –Милхаусен, Милано –Бергамо, Ајндховен, Дортмунд,- Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Лондон-Лутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн, Рим./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

