Регион
Српски четници му оддадоа почит на Дража Михајловиќ
По повод 71-годишнината од апсењето на лидерот на четничкото движење во Србија, Дража Михајловиќ, членови на Равнгорското движење, во Вишеград му оддадоа почит на делото на генерал Михајловиќ, информира Аl Jazeera.
Телевизијата наведува дека за митингот била известена локалната полиција и немало сериозни инциденти, слични на оние од претходните години.
Поклонението за Дража Михајловиќ се одржува секоја година, на 13 март, во градот Вишеград во Босна и Херцеговина.
Al Jazeera истакнува дека за време на војната во Босна, во Вишеград загинале над 3.000 Бошњаци, меѓу кои 128 деца.
Инаку, генерал Дражен Михајловиќ бил кралски српски офицер, кој учествувал во Првата светска војна (1914-1918), а во составот на Вардарската пешадиска дивизија бил на фронтот кај Битола, каде во 1916 година војувал против бугарскара армија. Во тој период на два пати бил рануван.
За време на Втората светска војна (1939-1945) тој го организира четничко движење и се борел како со германските војници и хрватските вооружени единици, така и против партизаните на Јосип Броз Тито. По воспоставувањето на комунистичката власт во Југославија, на 13 март 1946 година е уапсен во регионот на Вишеград, потоа е осуден на смрт и е стрелан на 17 јули 1945 година./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

