Македонија
Започнува проект за популаризација на воениот позив за служба во АРМ
Претставници на Министерството за одбрана, заедно со професионални војници, подофицери и офицери на Армијата на Република Македонија, од понеделник, 20-ти март до крајот на месец април, во средните училишта низ Република Македонија, ќе го реализираат проектот за Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија.
Тимовите составени од професионалци, вработени во Министерството, како и припадниците на Армијата детално ќе ги информираат средношколците за условите за прием во служба на АРМ, нивните обврски, како и големиот број придобивки од службата во АРМ. На интерактивните кратки предавања, средношколците ќе имаат можност да се информираат за сето она што нив ги интересира од областа на професијата – војник. Основната цел на проектот е запознавање на младите лица во Македонија со војничката професија, како и зголемување на нивниот интерес за, најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ. Со зголемување на бројот на пријавени лица на овие огласи се одржува и зголемува и квалитетот на изборот на идните припадници на Армијата.
Проектот во понеделник започнува со неколку средни училишта во Велес („Јовче Тесличков“, „Димитрија Чуповски“), Прилеп („Ристе Ристески – Ричко“), Центар (Јосип Броз – Тито“), Гостивар („Гостивар“), Струмица („Јане Сандански“) и Штип („Сергеј Михајлов“, „Коле Нехтенин“).
Сите информации за посетата на средните училишта (дата, време) можат да се најдат на веб-страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk, а секојдневно ќе бидат објавувани и на социјалната мрежа Facebook, односно на официјалниот профил на Министерството, Ministry of Defence of the Republic of Macedonia (@modmacedonia)./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

