Европа
Холандскиот „Volkskrant“ објавил лажно интервју со убиец и сведок од Сребреница
Главниот уредник на угледниот холандски дневник „Volkskrant“, Фелипе Ремарк, во јавно извинување до читателите открива дека весникот во јули оваа година, по повод 20 – годишнината од трагедијата во Сребреница, објавил лажно интервју во Дражен Ердемовиќ, еден од сторителите на масакр, кое во најголем дел е копија од книгата на хрватската писателка Славенка Дракулиќ, „Тие ни мравка не би згазнале“, пишува Jutarnji.hr.
Имено, младиот новинар на пракса во Volkskrant, Герлоф де Муиј, копирал делови од приказната на Дракулиќ, „Еден ден во животот на Дрѓен Ердемовиќ“, претставата на Kitty Felde „A Patch of Earth“ и сведочењето на Ердемиќ пред судот, претставувајќи го како сопствено интервју со Ердемовиќ кое како што е пбјавено, го водел телефонски.„Очигледно младиот новинар сакал што побрзо да направи успешна кариера па немал време да истражува и да копа по архивите за да напише веродостоен текст“, вели писателката Дракулиќ.Според неа до Ердемовиќ, холандскиот новинар не можел да дојде затоа што тој е заштитен сведок. Измамата така е и откриена, затоа што уредништвото на весникот почнало со истрага откако некој и посочил дека Ердемовиќ е заштитен сведок. Инаку, младиот новинар, сметал дека неговото интервју може да помине во јавноста затоа што книгата на Славенка е објавена во Холандија во 2003 година, и дека тоа е одамна, па никој нема да се сети. Тој, приказната од трето лице самоја сменил со прво лице и испаднало интервју.Новинарот не ја признавал кражбата веднаш, се додека не му ги предочиле наводните „извори“ со кои се служел.Исто така, пред да го објави интервјуто, де Муиј ја контактирал Дракулиќ за совет каде може да најде документи за да поддржи приказната на 3 јули, при што таа му ги посочила документите од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, материјалите на агенцијата SENSE, која е специјализирана за следење судења, како и материјали од весници. Но, бидејќи интервјуто е објавно на 11 јули, очигледно е дека новинарот немал време да истражува, смета Дракулиќ.Таа вели дека нема да ги тужи ниту весникот, ниту новинарот. „Уредништвото објави извинување, а пред тоа ме контактираа и прашаа за дозвола. И тие сами се измамени, би можела да го тужам Герлоф де Муиј. Мислам дека е доволно казнет со тоа што името му се спомнува во ваков контекст, така што на самиот почеток од кариерата го изгуби единственото што новинарот го има: веродостојноста“, вели тааВесникот веднаш ја прекинал соработката со новинарот, а во моментот трае истрага за сите текстови што тој ги напишал./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.
Европа
Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“
Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС.
„Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е вина на неговата сопруга. Итните служби пристигнале на местото на настанот и забележале дека вратата од домот на Скљар е отворена.
Неговото тело било веднаш на влезот. Во близина на телото е пронајден пиштол.
Алексеј Скљар бил заменик-министер за труд од 2018 до 2022 година. Тој бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа, тој работеше во канцеларијата Краснодар на Федералното министерство за финансии од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.
Европа
Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари
После декември со претежно стандардно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови.
Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон крајот на месецот. Влијанието на атлантските циклони е ослабено и не се очекуваат долготрајни јужни ветрови во блиска иднина, пишува IstraMet.
Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Веќе во недела, температурите на воздухот ќе се спуштат на просечни нивоа за ова време од годината. Ова ќе биде и вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.
Позначајна промена е можна кон крајот на јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Таквиот развој на синоптичката ситуација би можел да го помести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од тој воздух ќе стигне до нашиот регион. Сè уште е прерано да се прават подетални прогнози.

