Компании
Микросам АД најави нов научен семинар
Македонска компанија за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали најави нов научен семинар, кој треба да се одржи во номеври во Прилеп.
Станува збор за научен семинар кој ќе се одржи по втор пат годинава во организација со Институтот за Современи Композити и Роботика (СКР) и ќе обедини професионалци од повеќе земји кои неколку денови ќе анализираат нови трендови во композитната индустрија, иновации во композитните производни процеси и демонстрации на најсовремените машински и софтверски решенија развиени од Микросам АД.
Автоматско полагање влакна, автоматско полагање на лента, намотување на композити на комплексни делови, управување со машини инсталирани во просториите на Микросам и Институтот, прикажување на дел од производниот процес на машини, видео-демонстрации, предавања од светски високорангирани експерти во областа, споделување искуства… се само дел од темите и активностите опфатени со агендата на семинарот, закажан во периодот од 4-ти до 6-ти ноември на Институтот за современи композити и роботика во Прилеп.
“Семинарот покрива современи технологии за процесирање на композитни материјали и опфаќа теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се состои од презентации во специфични области од индустријата, а практичниот од демонстрации на различни композитни технологии на машини инсталирани во лабораторијата на СКР – eдна од најсовремените од ваков вид во светот. На семинарот ќе присуствуваат професионалци (инженери, научници, професори) од земјата и странство кои ќе земат учество како предавачи и/или присутни, а голем дел од нив се наши тековни и потенцијални купувачи и соработници. Професионалната размена на искуства е уште една потврда за ориентацијата на компанијата и грижата кон деловните партнери”, велат од Микросам АД.
Како компанија која е извозно ориентирана и која има несериско производство на опрема, Микросам АД постојано инвестира во стандардите за однос кон купувачи и останатите општествено одговорни практики. На овој начин компанијата стекнува се поголема доверба на пазарот и се издигнува меѓу водечките производители на машини за композитни материјали во светот, се вели во соопштението.
Микросам АД е добитник на статуетка за 2013 година во категоријата односи на пазарот за проектот „Задоволството на купувачот е најголемо признание за успехот на компанијата“, а во 2009 година ја доби првата национална награда за проектот „Микросам-Академија за таленти“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

