Црна хроника
Фрлен „молотов“ коктел на тетовско кафуле

Шише со запаллива течност било фрлено на тетовско кафуле ноќта во неделата кон понеделникот, соопшти полицијата, но во инцидентот нема повредени, затоа што во тој момент локалот не работел.
Имено, во 4.30 часот во Тетово две непознати лица го искршиле излогното стакло на угостителски објект лоциран на крстосницата од улиците „ЈНА“ и „Јане Сандански“ и во објектот фрлиле шише со запалива течност.
Настанот бил пријавен од очевидец и екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгасналапожарот. Притоа во објектот опожарени биле неколку маси и столови.
Во близина на местото пронајдено е уште едно шише со течност, чекан и тесла. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возеле со 1,57 и 1,68 промил алкохол во крвта: приведени две лица во Куманово и во Крива Паланка

Синоќа во 23.20 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.М. (37) од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека А.М. управувал патничко моторно возило „рено“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Утрово во 00.20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.П. (34) од Крива Паланка.
Тој на 01.04.2025 во 22.10 часот на магистрален пат Крива Паланка- Деве Баир со товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. М.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф. од село Луке, кривопаланечко.
Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во село Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Штипјанец удрил во паркирано возило и избегал: полицијата го пронајде и го уапси

Денеска околу 00.20 часот во Штип, полициски службеници од ПС БПС Штип го лишиле од слобода 40-годишниот Е.А. од Штип, извести МВР.
Е.А. на 01.04.2025 околу 22.40 часот во Штип со патничко возило „сеат“ со штипски регистерски таблички удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.