Црна хроника
Двајца мажи најдени починати
Двајца мажи, едниот пријавен за исчезнат пред два дена и еден вработен како обезбедување, биле најдени починати соопшти полицијата.
Имено, во вторник, во 7.45 часот во полицијата Камењане, Б.Ј. (49) село Долно Палчиште пријавил дека во одводен канал на м.в. „Пропаст“, атар на село Долно Палчиште, го пронашол починат неговиот татко Ј.Ј. (77) од истото село, кој на 20.03.2017 година бил пријавен за исчезнат.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Притоа, било констатирано дека нема траги на насилна смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
Истиот ден, околу 23 часот во село Добреноец, кичевско, во близина на м.в.„Рибарница“ во барака пронајден е починат Л.Г. (57) од Кичево, вработен во Агенција за обезбедување. Смртта е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица Кичево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е прадено за обдукција. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол преку незаклучена врата: ѝ го украл накитот на скопјанка, ја турнал и побегнал
Ноќеска во 22:50 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско пријавила дека на 25.10.2025 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата.
Откако влегло лицето и одзело личен накит, а откако пријавителката го затекнала, лицето ја турнало и се дало во бегство.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 76-годишна скопјанка
Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамен скопјанец: лажно му се претставил дека е полицаец и го ограбил
Вчера во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека ноќта околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото.
Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

