Европа
Годишнина од уривањето на авионот Germangwings, таткото на копилотот негира намерен пад

На втората годишнина од падот на авионот на германската воздухопловна компанија „Germangwings“ во француските Алпи, таткото на копилотот во петокот решително ги отфрли тврдењата дека неговиот син намерно го соборил авионот со 150 лица, како што заклучи истрагата и побара повторно отворање на дополнителна истрага.
„Мојот син во моментот на несреќата не патеше од депресија“, тврдеше во петокот на прес-конференцијата во Берлин, Гинтер Лубиц, таткото на копилотот на авионот на „Germangwings“ која на летот од Барселона до Диселдорф на 24-ти март 2015 година се заби во сртовите на Алпите на југот од Фрнција.
Истрагата заклучи дека копилотот Андреас Лубиц извршил самоубиство и оти намерно го урнал авионот. Истрагата, исто така, покажа дека Лубиц пред летот се лекувал од психички пречки.
Таткото Гинтер Лубиц и неговиот адвокат бараат обновување на истрагата за коа сметаат дека премногу се концентрирала на наводната депресија на Андреас Лубиц, а премалку на другите околности.
„Не постојат докази дека Андреас бил сам во пилотската кабина во моментот на несреќата. Според нашето мислења продолжувањето на истрагата е многу потребна“, изјавил адвокатот на таткото, Андреас Бер, повикувајќи се на резултатите од вештачењата коишто ги нарачал неговиот клиент.
„Мојот син беше одговорна личност. И немаше причини за самоубиство, а особено не со себе во смрт да одведе 149 недолжни лица“, вели Гинтер Лубиц во разговорот за неделниот Die Zeit.
Изборот на терминот на конференцијата за печатот од страна на таткото на Лубиц, на самата годишнина од трагедијата, предизвика бран огорчувања кај семејствата на загинатите патници и членови на екипажот, како и кај компанијата „Lufthansа“, во чијашто сопственост е „Germanwings“. Адвокатот на семејствата на жртвите изјави дека станува збор за „невкусно шоу“.
Во петокот во западногерманското гратче Халтерн, кој во несреќата загуби цел еден клас од локалната гимназија, се одржа комеморација којашто беше затворена за јавноста./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Илјадници луѓе заглавени на руските аеродроми поради напади со дронови

Големи украински напади со беспилотни летала врз Русија резултираа со целосен хаос на главните аеродроми во Москва денес, при што илјадници патници чекаат во редови или спијат на подот од аеродромите откога летовите беа откажани или одложени, објавија руските медиуми.
Видеата објавени од руските медиуми покажаа луѓе како чекаат во редови или спијат на подот на „Шереметјево“, најпрометниот аеродром во Русија според бројот на патници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 117 беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи 30 над Московскиот Регион, откога претходниот ден беа соборени 172 беспилотни летала, вклучувајќи исто така 30 над Московскиот Регион.
Moscow region, Russia ❗
✈️❌ A real collapse has formed at Sheremetyevo Airport! Hundreds of people have been crowding the airport for a whole day. Due to drone attacks, dozens of flights have been postponed or completely canceled. This is already the second collapse of the… pic.twitter.com/m5EgND4ni9— LX (@LXSummer1) July 20, 2025
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ накратко воведе ограничувања за ноќните летови на главните московски аеродроми: „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“.
Неколку илјади луѓе беа блокирани на далечниот исток на Русија поради откажани летови во европскиот дел на Русија, а дополнителни возови беа пуштени во сообраќај за да им се овозможи на патниците да се вратат во Москва од северниот руски град Санкт Петербург, објавија руските медиуми.
Москва и околниот регион се дом на најмалку 21,5 милион луѓе.
Фото: принтскрин
Европа
Трагедија на Алпите: Британка загина за време на рафтинг

Британка загина во трагичен инцидент во француските Алпи додека била на рафтинг на реката Гуисан, во југоисточна Франција, откако паднала од сплав за време на спуштањето, изјави за АФП регионалниот обвинител Марион Лозакмер.
Британката била дел од организирана тура и паднала од чамецот на предизвикувачки дел од реката, објави локалниот весник „Ле Дофин“. Идентитетот на жената не е објавен.
Според извештаите на локалните медиуми, спасувачите ја пронашле на брегот на реката и таа била итно префрлена во блиската болница во критична состојба со хеликоптер.
И покрај напорите на лекарите, таа не можела да биде спасена. „Жртвата за жал почина“, потврди обвинителот Лозакмер.
Смртта на британскиот државјанин ја потврди и Министерството за надворешни работи на Велика Британија, кое соопшти дека е во контакт со француските власти.
Обвинителството започна истрага за сомнение за убиство од небрежност, а наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта, додаде Лозакмер.
Фото: принтскрин