Црна хроника
Апсењата во Куманово засега не се поврзуваат со инцидентот во Гошинце
Министерството за внатрешни работи засега нема информации дека лицата кои во четвртокот биле уапсени во Куманово се поврзани со инцидентот што се случи во вторникот во Гошинце.
Меѓу двајцата уапсени нема полициски службеник, а при претресот што го направила полицијата во три објекти најдени се и четири пакувања од по 200 грама ТНТ експлозив.„Вчерашната акција засега не ја поврзуваме со терористичкиот напад во Гошинце, меѓутоа е дел од редовната работа на полицијата и ќе се оди кон изведување на евентуално нови докази, обезбедување на искази од лицата кои се приведени и добивање на дополнителни информации во однос на сето тоа што е најдено при претресите“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
При претресите освен експлозив надјдено е знаме на Република Албанија со натпис Илирида, покана од УЧК, десетина ЦД-eа, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат. По завршување на претресот приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38).
Против Р.Р ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“. Против него и претходно биле поднесени кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и недозволена трговија со оружје.
Јанкулоска ги негираше информациите објавени во некои медиуми дека имало престрелка во Сарај или дека униформирани лица влегле во селото и апелираше медиумите да објавуваат проверени информации. Иако сериозноста на инцидентот во Гошинце не е за потценување, Јанкулоска уверува дека полицијата си ја работи својата работа.„Сакам да им порачам на граѓаните дека службите надлежни за нивната безбедност ја вршат својата работа, соодветно реагираат и имаат капацитет за извршување на своите редовни задачи“, изјави Јанкулоска. Таа не даде конкретни информации за тоа до каде е истрагата за инцидентот што се случи во Гошинце, кога униформирани вооружени лица ја зазедоа полициската станица и привремено заробија четворица полицајци кои биле дежурни.„Преземени се и се преземаат бројни истражни дејствија. Земајќи ја во предвид сериозноста на овој случај проценка на обвинителот, но и наша проценка е дека објавувањето на делови од истрагата во оваа фаза би можело да наштети во нејзиното продолжување и апелирам за дополнително трпение за да успееме да ги завршиме сите активности кои се потребни и да излеземе со информации кои ќе бидат поткрепени со материјални докази“ изјави Јанкулоска.Високи претставници од МВР деновиве се сретнаа со своите колеги во Косово и разменија информации за инцидентот, Јанкулоска очекува поддршка и соработка, како и евентуална потврда или елиминација на она што го има како можно сценарио за тоа како течеле настаните и што се случило./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Радовишанка обвинета за лажно пријавување бомба во основно училиште
Четириесетгодишна радовишанка В.Ј. лажно пријавила дека има бомба во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш.
„Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена бомба во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Од нејзината електронска пошта, преку мобилниот телефон, испратила порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на училиштето, иако знаела дека не е поставена експлозивна направа во училиштето“, соопшти Јавното обвинителство.
Од МВР соопштија дека се преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на потеклото на IP адресите и утврден е сторителот на кривичното дело. Исто така, извршена е и антитерористичка проверка во училиштето, при што е утврдено дека не се пронајдени експлозивни средства и направи.
Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител до Судот достави и предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на престојувалиштето, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени активности кои се поврзани со кривичното дело, односно – забрана за испраќање на пораки со заканувачка содржина.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

