Скопје
Општина Центар и годинава ќе субвенционира 1.111 велосипеди

Општина Центар, четврта година по ред, ќе го спроведе проектот „Цел Центар на точак “, кој изминатите три години се покажа како успешен.
„Година, општината ќе субвенционира средства за купување на нови 1.111 велосипеди. Со тоа се реализира поставената цел, според која за четири години вакви субвенции ќе добијат 4.000 центарци, овозможувајќи им поздрав живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж„ информираа од Општината.
Акцијата ќе се спроведува од почетокот на месец мај, а од буџетот на општина Центар за оваа намена се одвоени 2 милиони и 800 илјади денари.
„Општина Центар ќе субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денот на започнување на акцијата, потребно е да ги достави следниве документи:
– Барање за субвенционирање за купен производ (достапно за симнување на opstinacentar.gov.mk)
– Копија од лична карта
– Копија од транскакциска сметка,
– Фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар. Правото на субвенција е еднократно„ се вели во соопштението објавено во неделата од страна на општинските валсти./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)