Регион
Двата табора за референдумот во Турција имаат речиси израмнети шанси

Пред претстојниот референдум за претворање на земјата во претседателска република, турските социолошки агенции речиси им даваат еднакви шанси на двата табора, соопштува во вторникот сајтот “Ал Монитор”, повикувајќи се на истражувања спроведени последните денови.
Во интервју за “Хуриет дејли њуз” Бекир Агрдр – директорот на агенција “Конде”, позната по точните предвидувања, посочи дека ривалите “си дишат во врат”.
Тој истакна дека и во кампот на поддржувачите на уставните реформи има некое двоумење, кое особено е присутно меѓу најголемите приврзаници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Во противничкиот камп, околу опозициските Републиканска народна партија (ЦХП) и прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), владее поголема доверба во подготвеноста на референдумот да се гласа со “не”. Според него се колебаат околу една петтина од гласачите на АКП.
“Уште не сме стигнале до моментот во кој една од страните може со сигурност да каже дека преовладува. Силите се израмнети”, објави Агрдр. Тој истовремено додаде дека “условите кои го создаваат чувство за егзистенцијална закана за земјата или за потреба од тврда сила, носат корист да се гласа за владата. Приближно половина од избирачите на Партијата за националистичка акција која ги поддржа реформите во парламентот, исто планираат да гласаат” против “на референдумот закажан за 16 април, изјави Агрдр, а една четвртина од останатите се уште не одлучиле како ќе гласаат.
Други студии покажуваат слични тенденции, пишува “Ал Монитор”. Агенција “Гезиџи”, која традиционално исто така е точна во прогнозите, во јануари предвидуваше околу 58 отсто од гласалите да кажат “не” на референдумот. Неодамнешните студии покажуваат стеснување на разликата, и сега противниците на реформите се околу 51 отсто. Според изданието сликата за АКП и Ердоган во моментов е значително поповолна од онаа со која се соочија пред два месеци.
Сајтот Т24 ги сумираше неодамна резултатите на 28 социолошки агенции, истакнувајќи дека според 12 од нив победник ќе излезе кампот на противниците на реформите, а според осум ќе победат приврзаниците на промените во уставот.крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Нов жесток напад врз демонстрантите во Србија

Протестите продолжуваат во неколку градови во Србија вечерва по вчерашните напади од страна на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) врз демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка. Собирите беа организирани од „студенти во блокада“, кои ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат пред канцелариите на СНС и полициските штабови.
Најголемите собири се одржуваат во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови, вклучувајќи ги Суботица, Шабац, Лесковац, Сомбор, Панчево и Ваљево.
Novi Sad
SNS na gradjane pirotehnikom pic.twitter.com/8tk37G5df0— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) August 13, 2025
Ескалација во Нови Сад вечерва
Ситуацијата во Нови Сад ескалираше кога пиротехнички средства беа лансирани кон граѓаните од правец на просториите на СНС. Демонстрантите одговорија со кршење прозорци во партиските простории, по што полицијата во опрема за разбивање демонстрации, формираше кордон. На протестот беа фрлени и факели.
Протестната колона во Нови Сад тргна од студентскиот кампус, по дебатата „Медиумите во ерата на репресија“, кон главните простории на СНС.
Вчера во Врбас, поддржувачи на СНС и Александар Вучиќ ги нападнаа демонстрантите со пиротехнички средства, камења, шишиња и клучеви. Еден граѓанин претрпе повреда на ногата, а помошник снимател на Н1 беше погоден со камења. Сличен напад се случи и во Бачка Паланка.
Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека полицијата „спречила големи конфликти“ синоќа, дека граѓани и полицајци биле повредени, а неколку лица биле приведени. „Не заштитувавме една група, туку јавен ред и мир“, рече Васиљевиќ.
фото: принтскрин
Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин