Европа
Германија истражува можно турско шпионирање на своја територија
Германското правосудство во вторникот отвори истрага поради сомневања во турски шпионирања на поборниците на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД, во Германија со што се отвора нов фронт во гемрнаско-турската криза.
Аферата за јавноста ја откри висок функционер на германската покраинска влада, кој изјави дека Анкара побарала од Берлин помош во шпионирањето на 300 лица и организации во Германија , за коишто се оценети дека се блиски на движењето на имамот Фетулах Ѓулен. Оваа организација Турција ја обвинува за создавање тајни паралелни државни структури и за неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули 2016 година.
„Јасно е дека турската тајна служба (MIT) ги шпионираат лицата коишто живеат во Германија“, изјави министерот за внатрешни работи на сојузната земја Долна Саксонија, Борис Писториус.
Предупреди на „параноичното“ тежнеење на Турција да ги шпионира во Германија поборниците на Ѓулен.
„Тоа е потполно неприфатливо и неподносливо“, рече Шисториус и побара од владата на канцеларката Ангела Меркел да ги изнајде „вистинските и јасни“ зборови коишто ќе ѝ ги упати на Анкара.
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Томас де Мезиер истакна дека е казниво шпионирањето кои трети земји го вршат во Германија и заклучи дека тие на својата територија не прифаќаат таков вид активности.
Министерот за надворешни работи Зигмар Габриел оцени дека доколку турските разузнавачки служби дејствувале на германска територија, тоа претставува тежок престап, пренесува агенцијата DPA.
Германското Државно обвинителство се ќе се обиде да утврди дали Турција навистина собирала информации за приврзаниците на Ѓулен коишто живеат во Германија.
Писториус прецизираше дека околу 10 до 15 такви цели,меѓу кои најмалку едно училиште и две компании во Долна Саксонија, властите ќе ги информираат дека биле предмет на следење и дека ризикуваат затвор доколку патуваат во Турција//крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.