Европа
Париз смета дека е неопходно да се осигури финансирањето на Грција

Неопходно е да се обезбеди финансирањето на Грција, но тоа може да се стаори само доколку Атина ги почитува правилата на Европската унија, смета францускиот министер за финансии Мишел Сапен.
„Неопходно е да се осигури финансирањето без коешто Грција ќе биде изложена на милост и немилост на паниката на пазарите, но ние не можеме едноставно да кажеме ’финансираме, финансираме’“, го цитира AFP францускиот министер за финансии Мишел Сапен. Истовремено тој истакнува дека суспендирањето на доделувањето на траншите од меѓународната финансиска помош за Атина „е сторено во рамките на почитувањето на прописите во Европската унија“.
Откако во 2010 година во Грција избувна длабоката должничка криза, земјата беше принудена да бара надворешна финансиска помош за избегнување на огромниот долг од 320 милијарди евра. По две години, Атина постигна договори со ткн „тројка“ странски доверители, Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со кој беше отпишан речиси половина од долгот кон приватните доверители, а во замена за 240 милијарди евра помош, во замена за острите мерки за штедење, преку намалување на јавната администрација, намалување на платите, пензиите и повеќе од штедрите награди и социјални надоместоци, структурни реформи и приватизација на државната сопственост.
Меѓутоа, по одржувањето на предвремените парламентарни избори од 25-ти јануари, новиот грчки премиер и челник на коалицијата на радикалната левица Сириза, Алексис Ципрас, изјави дека ќе бара отпишување на стотици милијарди евра од долгот кои се потрошени на стабилизирањето на грчкиот суверен долг, а делумно и на финансирањето на буџетските расходи. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин