Црна хроника
Видео: Екстрадиран „Командант Талибани“ кој избега на Косово по „Планинска бура“
По повеќе од една година, во Македонија е екстрадиран, 33 годишниот Метин Ислами од Скопје, познат како „Командант Талибани“.
Тој беше преземен од косовската полиција на граничниот премин „Блаце“, со највисок степен на полициско обезбедување и согласно процедурите спроведен во затворот Идризово.Метин Ислами минатото лето беше приведен на Косово во близина на Пеќ, откако претходно по него беше распишана меѓународна потерница преку Интерпол заради издржување на казна затвор. По основ на правосилна судска пресуда од 2008 година, изречена во отсуство, Метин Ислами беше осуден на 15 години затвор за сторени кривични дела, “терористичка организација” и за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.Тој беше осомничен како еден од членовите на терористичката група, предводена од Лирим Јакупи – Нацист, којашто во ноември 2007 година во тетовското село Бродец беше разбиена во полициската акција “Планинска бура“. Во акцијата, при нападот врз полициските сили седуммина терористи ги загубија животите, додека 12 беа приведени. Четири члена на групата предводени од Лирим Јакупи, меѓу кои и таканаречениот „Командант Талибани“, успеаја да избегаат на Косово./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

