Надворешна политика
Макроекономските политики како предуслов за успех во евроинтеграциите
Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика – ИГИНП, во четвртокот се оддржува меѓународната конференција на тема „Европската интеграција преку регионалната соработка – перспективите на европските макрорегионални стратегии“,во рамките на македонското претседавање со Централно-Европската Иницијатива (ЦЕИ), во соработка со „Институтот за надворешни работи и трговија“ на Унгарија и „Институтот за меѓународни односи“ од Република Чешка, со партнерска поддршка на Вишеградскиот Фонд, а во координација и со поддршка на Секретаријатот на ЦЕИ.
На Конференцијата,поздравно обраќање имаше Директорот на Инситутот Абдулкадар Мемеди, кој ја истакна важноста на настанот од аспект на македонското претседавање со ЦЕИ, како и од аспект на регионалното поврзување. Мемеди се осврна на потребата од вклученост на земјите во макрорегионалните стратегии како предуслов за успех, а го напомена и главниот надворешнополитички приоритет на Македонија, а тоа е зачленувањето на земјата во НАТО и Европската унија.
Свое воведно обраќање имаше заменик-министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска која истакна дека со одржувањето на оваа меѓународна Конференција, се реафирмира стратешката определба на Македонија за континуирано и активно промовирање на политиката за развивање на добрососедски односи и афирмација на Македонија како полноправен чинител во креирањето на регионалната политика. Воедно, Кипријановска истакна дека ЦЕИ има клучна улога во премостување на разликите помеѓу макро-регионите, со цел да се постигне обединета Европа.
Во воведниот дел, свое обраќање имаше ротирачкиот генерален секретар на Централно-Европската Иницијатива, Марго Клестил – Лофер, која напомена дека регионалната соработка буди голем интерес во последните години, особено макро-регионалните стратегии преку кои се развива политички дијалог и мултиратерална дипломатија, што овозможува развој на нови институционални структури, а Секретаријатот на ЦЕИ претставува клучниот актер во имплементацијата на макро-регионалните стратегии.
Во првиот панел се дискутираат и анализираат перспективите на европските макрорегионални стратегии, во рамките на европските интегративни процеси за земјите-кандидати во Европската унија. Претседавач со првиот панел е Роланд Арбтер, претставник на австриската федерална канцеларија. Свои обраќања во улога на панелисти имаат Андреа Маирате од Европската комисија, Курт Пушингер, координатор за дунавскиот регион, Мартон Шоберл, генерален директор на унгарскиот Институт за надворешни работи и трговија, како и Петр Кратошвил, директор на чешкиот Институт за меѓународни односи.
Вториот панел е посветен на анализа на специфични прашања поврзани со имплементацијата на европските макрорегионални стратегии и нивниот придонес за развој и јакнење на регионалната соработка. Претседавач е амбасадорот Јован Теговски, додека панелисти се г. Јиржи Сикора, претставник на Вишеградскиот фонд, Љубомир Кекеновски, професор на Економскиот Факултет- Скопје, Лидија Топиќ, претставник на регионалниот Совет за соработка во Брисел и Анка Ионеску, претставник на ЕБРД во Република Македонија.
Заклучоците од оваа меѓународна конференција, даваат значаен придонес во градењето на регионалната соработка и европските макрорегионални стратегии. Истите ќе бидат нотирани на Министерскиот состанок на Министрите за надворешни работи на ЦЕИ, кој ќе се оддржи на 15-ти јуни 2015 во Охрид./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.