Регион
Дачиќ: На Косово рушат манастири, а велат дека ќе биде подобро во УНЕСКО

Фактот дека српското културно наследство ќе биде најдобро заштитено доколку Косово стане член на УНЕСКО е лажен аргумент на оние кои го туркаат Косово во УНЕСКО, изјавил шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, пренесуваат српските медиуми.
Коментирајќи ја изјавата на потпретседателкаат на Европскиот парламент, Улрике Луначек, која порача дека лобирањето на Србија против Косово „говори дека земјата не сака да го заштити своето наследство“, Дачиќ го поставил прашањето „зошто досега српското верско и културно наследство не било добро заштитено“.
„Зошто досега српското верско и културно наследство не беше добро заштитено, Косово во присуство на меѓународните сили веќе уништи или оштети 200 цркви, манастири и други верски објекти, повеќе од десет илјади икони беа однесени и украдени, се рушат дури и надгробни споменици. И ние треба да поверуваме дека ќе има подобра заштита, а во исто време се печатат верски календари во кои нашите цркви и манастири се означуваат како албански“, рекол Дачиќ.
Српскиот министер во средата на заседанието на Генералната конференција на УНЕСКО апелирал до организацијата да ја одложи дебатата за членството на Косово и на тој начин да му даде шанса на дијалогот. Дачиќ го повикал УНЕСКО да остане верен на своите изворни принципи, да го зачува моралниот кредибилитет и да не дозволи да биде политизиран и злоупотребен./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.