Европа
Челниците на ЕУ подржаа создавање енергетска унија

Челниците на 28-те земји членки на Европската унија го поддржаа во четвртокот навечер на самитот во Брисел предлогот за формирање енергетска унија, објави претседателот на Европската комисија, Доналд Туск.
„Направивме голем чекор напред. Сите челници се согласија околу јакнењето на транспарентноста на пазарот на гласот, така што добавувачите нема да можат да ја злоупотребуваат својата позиција за кршење на законодавството на Европската унија и да ја загрозуваат енергетската сигурност“, изјави претседателот на Европската комисија, поранешниот полски премиер Доналд Туск, по завршувањето на расправата за енергетската унија, една од темите на самитот на шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ.
Туск во изјавата истакна и дека енергетската унија може темелно да ја измени ситуацијата во Европа во поглед на поевтина, одржлива и сигурна енергија за компаниите и за граѓаните.
Енергетската унија е најамбициозниот енергетски проект од создавањето на Европската заедница за јаглен и челик во педесеттите години од минатиот век. Со создавањето на енергетската унија расцепканите национални пазари на енергија би се интегрирале во заеднички европски пазар. Една од најважните цели на оваа унија, со поддршка на САД, е да се намали зависноста на Европа од увозот на енергенси од Русија.
Во заклучоците се наведува дека треба да се осигури поголема транспарентност на пазарот на гасот, како и дека „сите договори со трети снабдувачи мора да бидат во согласност со европското законодавство“. Во прв ред се мисли на договорите коишто некои земји членки ги склучија со рускиот енергетски гигант „Газпром“, а според Брисел се во спротивност со некои одредби од европското законодавство. Ваквиот европски став беше причина Русија да го откаже проектот „Јужен тек“ со кој преку Бугарија, рускиот гас да ја заобиколи проблематичната Украина, и да биде испорачуван во јужните и централни земји на ЕУ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин