Контакт

Надворешна политика

Попоски – Заоралек: Континуирана поддршка од Чешка за македонските евроинтеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој престојува во Прага во рамките на официјалната посета на премиерот Никола Груевски на Чешката Република, во петокот оствари средба со својот чешки колега, министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек.

dobivaj vesti na viber

 

Двајцата министри изразија взаемно задоволство од нагорниот тренд во развојот на севкупните билатерални односи во изминатите 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, а ги разгледаа и модалитетите за зајакнување на традиционалните партнерски и пријателски врски меѓу двете земји и двата народа.

 

Двајцата соговорници разговараа за европската и евроатлантската интеграција на Македонија, при што беше нагласена континуираната и принципиелна поддршка на Чешка во поглед на зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО.

 

Заоралек ја потврди чешката поддршка за што поскоро и безусловно отпочнување на пристапните преговори на ЕУ со Македонија според веќе применетиот пристап на паралелно одвивање на преговорите за членство во ЕУ и надминување на билатералната разлика со земја-членка.

 

Попоски ја претстави актуелната македонска политика во спроведувањето на реформските процеси за достигнување на неопходните политички и економски стандарди, со цел да се зголеми македонската подготвеност за пристапување кон евро-атлантските институции, нагласувајќи ја важноста на евроинтеграцијата и помирувањето на целиот Балкан како нераскинливо поврзани процеси.

 

Попоски и Заоралек се осврнаа и на билатералните македонско – чешки односи, потенцирајќи ја заемната посветеност за нивно натамошно продлабочување и унапредување, пред сѐ во делот на економско – трговската соработка, културната, здравствената, како и соработката во областа на образованието и во рамките на регионалните иницијативи.

 

Како мошне важен чекор кој може да придонесе во натамошното зајакнување на партнерството меѓу двете земји го оценија потпишувањето на Меморандот за разбирање и соработка помеѓу Центарот за управување со кризи на Македонија и Службата за пожари и спасување на Чешка, како и помеѓу македонското министерство за здравство Македонија и Универзитетската болница Мотол од Прага./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија10 часа

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија12 часа

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...

Топ14 часа

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР...

Македонија15 часа

Утре почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има...

Регион17 часа

Поевтини цени на околу 25 видови производи ќе има во Србија во следните шест месеци

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи...

Свет20 часа

Момче загина од мина обидувајќи се да ги врати козите, неговата професорка напиша емотивна порака

Вчера, 19-годишниот Мехмед Хасанамиџиќ го загуби животот во населбата Хоџиќи во Добој. Според извештаите, младиот човек влегол во обележаното минско...

Македонија21 час

Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје

Вчерашното невреме што го зафати Скопје предизвика бројни проблеми и материјални штети во различни делови на градот. На бројот за...

Скопје1 ден

(Видео) Вистинска драма кај „Борис Трајковски“, евакуација на публика, 9 полицајци завршија во болница

Попладнево околу 16 часот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изби пожар кој предизвика паника кај учесниците...

Скопје1 ден

Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани

Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе...

Регион1 ден

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје...

Скопје2 дена

(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот

Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер,...

Македонија2 дена

Мицкоски жестоко му одговори на Филипче: Доста беше со итроштини, народот веќе не заборава, вие продадовте сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро одговори на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за нова декларација во Собранието за...

Македонија2 дена

(Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски

Тажна вест ја потресе македонската здравствена јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, психијатар и поранешен директор на Здравствен дом –...

Македонија2 дена

Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од самиот себе, како млада невеста што не знае кој пат да го...

Македонија2 дена

Многу нервозни возачи на Табановце, за влез и за излез се чека околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со суви коловози, но летните одмори предизвикуваат зголемена фреквенција на возила...

Топ2 дена

Двајца приведени за подметнување пожар кај Тиквешко езеро

Кавадаречката полиција вчера околу 19:00 часот ги приведе З.К. (33) од Бегниште, кавадаречко и И.И. (19) од Кавадарци, поради сомнение...

Економија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата....

Македонија2 дена

Филипчe: ВМРО-ДПМНЕ се гушка со ДУИ, ние ја научивме лекцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител категорично ја отфрли тезата дека неговата партија ја рехабилитира Демократската...

Македонија2 дена

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да...