Скопје
Одбележан светскиот ден на стари лица

Во Дневниот центар за стари лица, во ДХО „Даре Џамбаз“, во организација на Црвениот крст на Република Македонија, по повод Светскиот ден на стари лица, се одржа натпреварот по прва помош за лица од трето доба.
На одбележувањето на Светскиот ден на старите лица, присуствуваше и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, претставник од управниот одбор на ЕВН Македонија, Игор Гиевски, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионерите на Република Македонија и генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, Саит Саити.
„Пред сè сакам да Ви го честитам Светскиот ден на старите лица и да потенцирам дека Градот Скопје и натаму ќе ги поддржува сите активности и проекти поврзани со овој Дневен центар, којшто претставува социјален сервис преку кој се развиени и унапредени вонинституционални форми за заштита на лицата во трето доба. Проектот во 2013 година се реализираше со трипартиден договор меѓу Градот Скопје, Министерството за труд и социјална политика на РМ(МТСП) и Црвен крст на град Скопје, а во последните два месеца поддршка даде и компанијата ЕВН Македонија. Град Скопје досега поддржа отворање на 3 дневни центри од ваков вид, тука во „Даре Џамбаз“, во Гази баба и во Општина Чаир, со што сметам дека барем малку Ви го олеснивме третото доба и Ви помогнавме да се социјализирате и да уживате во пензионерските денови. Сакам да Ви пожелам уште долги години добро здравје и да продолжиме да се дружиме вака, за убави поводи и настани“, истакна градоначалникот Трајановски.
Досега, во рамките на проектот се реализираа посети на стари изнемоштени лица т.е. на вкупно 120 лица во трето доба кои живеат сами или со својот брачен другар на подрачјето на општините Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари, Чаир, Бутел, Карпош и Ѓорче Петров. Овие стари лица беа посетувани еднаш неделно, а по потреба и повеќе пати од медицинска сестра и волонтер. Дел од корисниците со ниски примања добија лекови на месечна основа, односно околу 80 стари лица беа снабдени со основните медикаменти.
Над 80 пати на годишна основа е направена лекарска интервенција со придружба на медицинската сестра на овие стари и изнемоштени корисници кои имаат потреба од поддршка во спроведувањето во здравствениот систем на РМ, а за околу 32 случаи е интервенирано за обезбедување некоја од услугите на системот за социјална заштита (надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок за слепо лице и сл.).
Медицинскиот тим составен од 4 медицински сестри реализираше околу 480 посети на месечна основа. За време на овие посети секое лице доби проверка на крвниот притисок и мерење на шеќер во крвта, еднаш месечно за дијабетичари и на три месеци за сите преостанати, како и контакти со матичните лекари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.