Црна хроника
Прободеното момче син на спортски новинар

Деветнаесетгодишното момче кое беше прободено во неделата вечерта е син на доглгогодишен спортски новинар во МРТВ, Сами Адеми.
На својот Facebook профил тој објави дека неговиот син бил прободен со нож во срцето. Од полицијата официјално сé уште не соопштуваат како се случил инцидентот, и како и од кого бил прободен девентаесетгодишниот Леарт Адеми. Медиумите пишуваат дека момчето било прободено по банална расправија во скопската населба Чаир. Инцидентот го пријавиле во полиција од Градската општа болница „Наум Охридски“ каде што било донесено тешко повреденото дете. Таму го однел неговиот другар, кој исто така бил нападнат, но се здобил со полесни повреди.Момчето по еден час во болницата им подлегнало на повредите. Од МВР соопштија дека имаат приведено лице, со кое се вршат разговори и се утврдува дали е вмешано во убиството./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.