Контакт

Политика

Деветнаесеттото продолжение на конститутивната седница: Нема поместување -продолжува серијата дебати помеѓу ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

И на 19. продолжение на констититутивната седница нема поместување од мртвата точка.

На собраниската говорница излегуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, при што денеска му реплицираат на говорот на пратеникот Крсто Јованоски.

 

Се поставуваат прашања од типот дали треба да се офрли т.н платформа, за наводно менување на знамето, грбот и химаната, па дури и за границите на државата.

 

„Почитуван колега Јовановски, не можам да прифатам некој да молчи додека надвор народот е на нозе.Тие секој ден јасно кажуваат дека се против бинационална држава.

 

И тоа не се само Македонци, присутни се од сите етнички заеници. Дали во 21 век ни е потреба ваква идеологија? Наместо да одиме напред, ние се враќаме еден век назад“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

 

Пратеникот Крсто Јовановски преку контра реплики одговара на прашањата со слична реторика.

„Точно е колешке, токму заради бришење на границите во минатиот век е формирана Европската Унија. Ние наместо да го следиме нејзиниот пример, ние се оддалечуваме од идејата, поставуваме граници. На овој начин се враќаме во 14 век“, рече пратеникот Јовановски.

 

Инаку,собраниската дебата веќе четврта недела е сопрена на точката за верификување на мандатот на Комисијата за избори и именувања, откако за дебата се пријавија над 50 пратеници, главно од ВМРО-ДПМНЕ и колацијата. крај/мф/кс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Почина поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов

На 62-годишна возраст, денес во Кочани, почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Неговите сопартијци се збогуваа со...

Топ9 часа

Свршеникот на Мартина која загина во несреќата во Грција: „Ти си ангел кој ќе сјае во рајот, почивај во мир душо моја најсакана“

Свршеникот на 29-годишната Мартина од Битола која загина во сообраќајната несреќа во Грција, со емотивна порака на социјалните мрежи се...

Македонија12 часа

(Видео) Ставен под контрола пожарот во Кичево

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево. Хеликоптерот...

Топ12 часа

Почина 35-годишно момче во Скопје – му се слошило дома па лекар во Градската болница констатирал смрт

Триесет и петгодишно момче (Е.Д.) почина во Скопје. Тој бил донесен во Градската болница во текот на вчерашниот ден, без...

Македонија15 часа

Спасовски: Мицкоски го смени ставот за Преспанскиот договор, а програмата на Владата е далеку од ветувањата

Програмата на Владата и концептите на партиите кои се дел од мнозинството се различни од ветувањата коишто беа дадени пред...

Македонија15 часа

Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана...

Топ15 часа

Во несреќа кај Глумово повредени четири лица меѓу кои и деца, едниот од возачите побегнал

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско. Во несреќата...

Регион19 часа

Како снема струја на Балканот

Невиден колапс на електроенергетскиот систем ги погоди Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. Се сомнева дека – во...

Македонија19 часа

Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и...

Македонија19 часа

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува денес во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на...

Македонија1 ден

Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки

Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се...

Регион1 ден

(Видео) 11 загинати во пожари во Турција, и Грција се бори со огнот

Најмалку единаесет лица загинаа, а десетици се повредени во пожар со ниска вегетација што ветрот го прошири во неколку села...

Регион1 ден

Црногорците и Албанците ја објавија причината за историскиот прекин на струја

Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите...

Македонија1 ден

(Видео) 30-годишна Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Солун, објавија грчките медиуми

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила на патот Игнација Верија – Солун, денеска напладне. Беше околу 12 часот,...

Регион2 дена

Почна да се враќа струјата во Хрватска и БиХ, „падна далноводот меѓу Грција и Албанија“

По хаосот и прекините во електроенергетскиот систем, електричната енергија е вратена во многу градови низ Босна и Херцеговина. Се врати...

Македонија2 дена

Меџити: Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот и нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и Соравиа

Денеска, од оваа промотивна конференција на програмските столбови и новиот владин тим, накратко ќе ги претставам нашите предизвици во наредните...

Македонија2 дена

Деспотовски: Изборите на 30 јуни се референдум за СДСМ – продолжуваме по старо или одиме по ново

Кандидатот за претседател на Социјалемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски порача дека престојните претседателски избори во партијата се референдум на...

Македонија2 дена

Сообраќајка на патот Прждево кон Демр Капија, сообраќајот во целосен прекин

Oд 12:10 часот на регионален пат 1102 – село Прждево кон Демр Капија, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен...

Европа2 дена

(Видео) Дрон удри во рафинерија за нафта во Русија

Беспилотно летало ја погоди рафинеријата за нафта Илски во руската област Краснодар, при што беа повредени две лица и предизвикан...

Македонија2 дена

Филипче: Ќе ја отвориме работата на комисиите – политиките ќе се градат врз основа на широка стручна дебата

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, вчера во Куманово пред партиското членство ги образложи главните постулати на неговата програма....