Европа
Четири години затвор за ‘Сметководителот од Аушвиц’
Оскар Гренинг, 940годишниот Германец кој во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц во времето на Втората светска војна работел како сметководител е прогласен виновен во средата за соучесништво во убиствата на 300 илјади луѓе и е осуден на четири години затвор, пресуди судот во Луененбург по тримесечниот процес кој започна на 21-ви април.
Во текот на процесот Оскар Гренинг неколкупати изјави дека „признава морална вина“ за убиствата на луѓето во логорот Аушвиц, но дека на судот е да утврди дали е и правно виновен. Неодамна изјави дека само Господ може да го моли за прошка, бидејќи не можел да ја побара од жртвите на холокаустот.
Обвинението бараше за Гренинт казна од 3,5 години затвор. Германскиот медиуми истакнуваат дека ова може да биде и последното големо судење во врска со нацистичките злосторства во врска со холокаустот и сторени во текот на Втората светска војна, имајќи го предвид изминатото време, односно возраста на којашто сега би биле обвинетите.
Гренинг во текот на неговиот ангажман во озлогласениот логор на смртта, самиот никого не убил, меѓутоа обвинителите тврдеа дека со водењето на спецификациите за парите запленети од Евреите кои со возови масовно биле транспортирани во логорот, го помагал режимот договорен за истребувањето.
Германскиот магазин Der Spiegel, во профилот што во 2005 година го направи за Гренинг, го нарече „сметководителот од Аушвиц“, и тој прекар се задржа до денес. Гренинг тогаш раскажуваше за времето што го минал во Аушвиц и не негираше дека таму се случувале масовни убиства.
Гренинг е обвинет за помош при криењето на багажот на затворениците. „Така се уништувани трагите за масовните убиства пред доаѓањето на следните затвореници“, наведува обвинителството во Хановер. Исто така, ги броел и парите пронајдени меѓу личните предмети на затворениците и ги испраќал во штабот на SS во Берлин. Гренинг бил потполно свесен дека затворениците означени како „неспособни за работа“ биле убивани, тврди обвинителството. На тој начин „создавал економска полза за нацистичкиот режим и ги поддржувал процесот на убивање“.
Откако доброволно се пријавил во елитната Waffen-SS, Оскар Гренинг служел во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, најголемиот концентрационен логор кој нацистичка Германија го подигнала во Втората светска воја, во кој се убиени повеќе од милиони луѓе, повеќето Евреи.
По војната накусо Гренинг бил во британско заробеништво, а по ослободувањето работел во фабрика за стакло во Луененбург и, воопшто некриејќи се, мирно живеел со сопругата и децата. Даваше интервјуа во коишто раскажуваше за ужасите во логорот, но секогаш истакнуваше дека не учествувал во убиствата. И сега медиумскиот интерес за него и процесот против него е големо и во големата судница за новинарите беа резервирани 60 места, од кои 23 за странските медиуми.
Изведувањето пред судот на Гренинг го овозможи промената на законот во Германија,. Претходно на поранешните нацисти мораше да им биде докажано дека лично учествувале во убиствата, но сега може да им се суди и за соучесништво. Неговото судење, исто така, може да биде последното на некој поранешен нацист. Во моментов во Германија се водат дваесетина прелиминарни истраги, но изгледите да бидат приведени до крај се под знак прашање, во прв ред поради возраста на осомничените./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Голем пожар во фабрика во Берлин, жителите предупредени да го избегнуваат подрачјето
Голем пожар во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, која произведува системи за противвоздушна одбрана што се користат на бојното поле во Украина.
Противпожарната бригада предупредува на отровен чад, пренесува „Билд“.
‼️ A defense-industrial company factory is on fire in Berlin
According to media reports, a fire with toxic smoke occurred at a metallurgical plant of the defense-industrial company Diehl. The company is the main contractor of the IRIS-T production program and ammunition for this… pic.twitter.com/jZBBXTEdSm
— NEXTA (@nexta_tv) May 3, 2024
Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна бригада, изјави за Билд:
„Целосно изгореа четири ката од зградата. Дел од неа е веќе урнат, а ја гаснеме однадвор. Пожарот повеќе не може да се стави под контрола однатре.
Дежураат околу 160 пожарникари. Спасувачите носат заштитни одела.
Можеме да потврдиме дека во зградата биле запалени и хемикалии. Таму биле складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чад“, додаде портпаролот.
Противпожарната бригада го информираше населението преку апликации за предупредување.
Feuer mit Explosionen in Berlin Lichterfelde am 03.05.2024 #Feuerwehr #brand pic.twitter.com/4hZG5XekU0
— Niko (@nl_an) May 3, 2024
Станува збор за фирма „Diehl Metal Applications“ која има сопствен систем за доработка на метални површини во објектот.
По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, чадот од фабриката се пресели на север. Противпожарната бригада советува избегнување на просторот околу претпријатието, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.
Сојузната држава Берлин издаде официјално предупредување за опасност, советувајќи ги луѓето да ја избегнуваат областа.
Учениците и наставниците од околните училишта беа испратени дома.
Во е-пошта до родителите, една гимназија испратила порака во која ги замолува учениците да останат дома.
Засега нема информации за причината за пожарот, но соопштено е дека нема повредени.
Европа
Борис Џонсон го вратија од гласање, дојде без лична карта: се обиде да го заобиколи сопствениот закон
Борис Џонсон (59), поранешниот британски премиер, во четвртокот бил вратен од избирачкото место, откако се обидел да гласа без лична карта, односно документ со фотографија. Како што пренесува „Гардијан“, Џонсон се обидел да го измами сопствениот закон, бидејќи токму за време на неговиот мандат во Велика Британија била донесена одредба со која се барал документ со фотографија за гласање.
Џонсон, кој поднесе оставка во 2022 година по мандатот обележан со бројни скандали, беше предупреден на избирачко место во Оксфордшир (Јужна Англија) дека мора да го има потребниот документ за докажување на неговиот идентитет. На гласачкото место му дозволија да гласа на локалните избори кои се одржаа низ цела Англија.
Портпаролот на поранешниот премиер изјави дека Џонсон гласал за конзервативците. Тој не ги демантираше пишувањата на медиумите дека поранешниот премиер немал лични документи со фотографија. Минатата година на изборите по промената на законот, околу четири отсто од испитаниците се изјасниле дека не гласале токму затоа што немаат документ со фотографија. Тоа е нешто помалку од околу 800.000 гласачи.
Владата на Џонсон го промени изборниот закон за да ја ограничи можноста за изборен фалсификат, а опозицијата остро ги критикуваше властите за потенцијално обесправување на делови од гласачкото тело. Претходно, гласачите требаше да го дадат само своето име и адреса за да гласаат.
„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што гласаат да покажат некаков доказ за идентитетот“, рече Џонсон во 2021 година за новите правила.
Ова е само последниот инцидент во неговата шарена политичка кариера. Како премиер беше снимен како се крие во фрижидер додека новинарска екипа го бараше за интервју, пренесува медиумот.
Истражувањето спроведено од „YouGov“ покажало дека 14 отсто од Британците пред локалните избори не знаеле дека постои правило за идентификација на гласачите со помош на лични документи.
Европа
Захарова: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим и мостот на Крим се осудени на неуспех и ќе бидат одговорени со силна одмазда.
„Би сакала повторно да ги предупредам Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејства против Крим не само што се осудени на неуспех, туку и ќе бидат одговорени со силна одмазда“, рече Захарова на прес-конференцијата, пренесе ТАСС.
Крим е полуостров со оспорен статус, тој е под де факто контрола на Русија и е поделен на два субјекта на Руската Федерација, Република Крим и град со федерален статус Севастопол, пренесува медиумот.
Украина го смета Крим за дел од својата територија и не ја признава неговата анексија кон Русија.