Европа
Медиуми: Украинската Рада поделена меѓу ЕУ и САД
По предвремените парламентарни избори, новиот состав на украинскиот парламент ќе коегзистира меѓу оние коишто ги застапуваат интересите на Европската унија и оние кои работат според интересите на САД, пишува францускиот весник Mediapart.
По предвремените парламентарни избори, новиот состав на украинскиот парламент ќе коегзистира меѓу оние коишто ги застапуваат интересите на Европската унија и оние кои работат според интересите на САД, пишува францускиот весник Mediapart.
Резултатите од неодамнешните парламентарни избори во Украина донесоа прилично поделен парламент, пишува весникот, и додава дека новиот состав на Врховната Рада е „полн со противречности, олигарси или нивни директни претставници, со забележително про-европско или про-натовско мнозинство“. Имајќи предвид дека многу од членовите на новиот украински парламент се приклонуваат кон десните или ултранационалистичките ставови, во Радата ќе отсуствуваат левите или центристичко-левите опции, се истакнува во написот.
Раководењето и кохабитирањето во парламентот ќе биде тешко остварливо и за двете групации, пишува Mediapart, со оглед на тоа дека во новиот парламент сега нема „портокалови“ , туку „кафени“, во него ќе седнат и команданти и доброволци во баталјоните (кои учествуваат во воената ткн „антитерористичка“ операција против проруските бунтовници во источните региони од земјата), и многубројни олигарси, распоредени во повеќе партии, заклучува францускиот весник.
Според последните податоци од неделата соопштени од украинската Централна изборна комисија, по пребројувањето на 99,65 отсто од материјалите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 26-ти октомври, во водство е партијата на досегашниот премиер Арсениј Јаценјук, Народен фронт, со 22,16 отсто од гласовите, а на второ место е блокот што го поддржува претседателот на државата Петро Порошенко со 21,83 отсто. Во парламентот влегуваат уште четири партии кои го надминаа изборниот праг од 5 отсто, и тоа движењето Самопомош, Опозицискиот блок – на проруските сили, Радикалната партија на Олег Лјашко и партијата Баткивштина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која пролетва ја напушти нејзиниот поранешен сојузник Јаценјук./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија
Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.
Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.
Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.
„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.
Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.
Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.
Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.
Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.
Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.
Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.