Европа
Лепен бара оставка на владата по поразот на социјалистите на локалните избори во Франција

Челничката на опозициската партија од крајната десница Национален фронт (FN), Марин Лепен, побара во неделата навечер оставка од владата на премиерот Мануел Валс откако беа соопштени прелиминарните резултатите од првиот круг на изборите за департманите кои покажаа пораз на владејачката Социјалистичка партија.
„Мануел Валс мора да ја слушне пораката на гласачите и достоинство да му ја поднесе на претседателот на Републиката својата оставка, имајќи ги предвид резултатите на Социјалистичката партија“, изјави челничката на крајната француска десница.
Од владејачката партија на претседателот Франсоа Оланд не ги коментираа пораките на Марин Лепен. Претходно владини кругови повеќепати истакнуваа дека без оглед од исходот на денешното гласање, кое според сите прогнози укажуваа на тежок пораз на владејачките социјалисти, кабинетот на премиерот Мануел Валс ќе продолжи да работи во сегашниот состав.
Иако според анкетите пред неделното изјаснување на француските локални извори предност му беа давани на Националниот фронт, според излезните анкети на агенцијата CSA објавени по затворањето на избирачките места, во водство со 31 отсто од гласовите е конзервативната партија Унија за народно движење (UMP) на поранешниот француски претседател Николас Саркози, заедно со UDI, коалициски партнер од десниот центар. Националниот фронт е на второто место со 24,5 отсто, додека социјалистите се на третата позиција со 19,7 отсто од гласовите. Излезната анкета на институтот Ifop, пак, покажува дека конзервативците се во водство со 29, 2 отсто, додека Националниот фронт освојува 26,3 отсто од гласовите.
Досега француската левица беше на чело на 61 од 101, а на вториот круг на 29-ти март може да се случи да загуби триесетина.
Изборите се одржуваа во 98 од 101 француски департман, освен во Париз и Лион, и се избираат повеќе од четири илјади советници во демартманските совети на мандат од шест години. Вториот круг ќе се одржи следната недела, на 29-тимарт./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин