Скопје
Општина Аеродром ги промовира активностите на невладините организации на нејзина територија

Општина Аеродром започна со промоција на работата на невладините организации на нејзината територија со кои активно соработува, како и активностите што ги реализираат овие здруженија.
Промовирањето започна во вторникот сп американската невладина организација „Линк Акрос“, која имаподружница во Скопје. Нивната мисија е унапредување на здравството, економијата и локалните заедници преку соработка со стратешки партнери и поврзување на локални можности со глобални ресурси.
„Линк Акрос“ работи со своите глобални и локални партнери да обезбеди здравствени системи и консултации за болнички менаџмент фокусиран на клучните приоритети, како што се мајчинското и детското здравје, а исто така овозможуваат медицински и менаџерски тренинг преку професионални програми за размена. Исто така, „Линк Акрос“ се стреми да гради здрави заедници преку организирање проекти за подобрување на заедниците, вклучувајќи реновирање детски игралишта и проекти за изградба.
Нивниот најголем капитал е мрежата на професионалци и волонтери кои се подготвени да ја дадат својата експертиза за напредок на здравството, економскиот и локалниот развој на заедниците во овој дел на светот. Партнери се со локалните власти, агенциите за помош, амбасадите, бизнисите, други непрофитни организации, цркви и индивидуални волонтери и донатори со цел исполнување на мисијата, стои во соопштението.
Општина Аеродром во соработка со НВО „Линк Акрос“ има реализирано голем број проекти кои имаат забележителни резултати. Неколку циклуси обуки за професионален развој и обуки за личен развој, обуки за невработени лица, обуки за вработените во одделенијата на ЛЕР и други обуки. На обуките организирани со „Линк Акрос“ до сега присуствувале околу 1.500 лица. Во рамките на економската соработка заеднички е спроведена анкета кај МСП од општината.
Покрај тоа во соработка со „Линк Акрос“ е изработено детско игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ – карпа за качување која е единствена таква карпа во општината. Соработката со оваа организација започна во 2011 година. Бројните реализирани проекти инспирираат и поттикнуваат на уште поинтензивна соработка. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)