Црна хроника
Нови вооружени грабежи на бензиски пуми во Куманово и во Скопје
Министерството за внатрешни работи инфромираше во понеделникот за нови два одделни случаи на ограбување на бензиски пупми, во кои маскирани лица под закана со огнено оружје ги ограбиле вработените на бензиски црпки во Куманово, каде има и повреден, и во Скопје.
Во Куманово, на бензинската пумпа на ТДПУ„Трго Тим“, две непознати лица маскирани и вооружени со пиштол, извршиле разбојништво над вработениот при што од каса одзеле 1.000 денари. Имено сторителите влегле внатре физички го нападнале вработениот, при што му нанеле телесна повреда, а потоа испукале во воздух еден куршум од гасен пиштол, ги одзеле парите и го напуштиле местото на настанот.
Во понеделникот и во Скопје на 28.07.2014, на улицата .„Антон Попов“ во населба Ченто, две непознати маскирани лица од кои едното лице вооружено со пиштол, влегле во бензиската пумпа на „Макпетрол“, при што вооруженито го вперил пиштолот во вработената и побарало пари, а потоа ја прашале каде се другите вработени. Другиот вработен се појавил од зад рафтот, каде што претходно стоел и им ја фрлил чантата со парите од дневниот промет, по што разбојниците го напуштиле местото на настанот./крај/мф/сн
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

