Регион
Во тепачка во Србија убиен имигрант
Во тепачка меѓу имигранти во понеделникот рано претпладнето на северот од Војводина со нож е убиен државјанина Авганистан , да две лица се ранети, пренесуваат тамошните медиуми.
Инцидентот се одиграл во овоштарник во близина на вестот Башки Виногради, која е постојана рута на имигрантите претежно од земјите на Блискиот исток, кои нелегално се обидуваат да ја минат српско-унгарската граница.
Радио-телевизија Војводина (РТВ) објави дека повредените се сместени во болницата во Суботица. Очевидец на настанот, локален жител, кој работел во овоштарникот за телевизијата изјави дека слушнал препирки и кога пришол поблиску видел група луѓе, меѓу кои лицето кое подоцна било убиено.
Друг локален жител изјави дека досега имигрантите не правеле проблеми, но оти во последно време жителите не можат да спијат навечер поради вознемиреноста на кучињата кои лаат по имигрантите кои ги има во голем број. Населението е вознемирено и зашто имигрантите за одмор ги користат локалните гробишта, каде перат и ги сушат облеките и оставаат неред зад себе.
Дневно низ пограничните северни делови на Војводина минуваат меѓу илјада и две илјади имигранти од Северна Африка и Блискиот исток, кои бараат начини како да ја минат границата со Унгарија. Поради тоа, неодамна владата во Будимпешта започна со подигнување на ограда висока четири метри, за да ги спречи илегалните минувања на унгарска територија./крај/мф/сн
Извор: РТВ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Регион
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.
Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.
Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.
Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.
Регион
Дрвја и кал во БиХ, местата зафатени од поплавите се непрепознатливи
По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1.
Новинарка на телевизијата, која известува од терен, изјави дека овие места се непрепознатливи.
-Можеме да видиме само дрвја и вода, кал, се’ лебди на површината на водата, можеме да видиме загрижени жители, изјави таа и додаде дека веќе се започнати хуманитарни акции за помош на загрозените.
Според последните неофицијални податоци само на територијата на Јабланица како исчезнати се водат 48 лица, додека официјалните податоци велат дека по поројните поплави и свлечиштата кај Јабланица, Кониќ, Крешево и Кисељак, потврдена е смртта на 19 лица, а дека по многу други уште се трага.
Населението во погодените подрачја има потреба од итна помош, а најитни се конзервираната храна и вода во шишиња.
Патната комуникација е отежната, а на места и целосно прекината.
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај.