Политика
Повлечен предлог-законот за `бомбите`, за СДСМ решението било катастофално
Постигнат е договор спорниот закон за забрана на објавување на прислушуваните материјали да се врати на доработка и заедно со договорениете измени на законот за избори да се најде на седница пред изборот на новите министри на 20 октомври.
Ќе се интервенира во неговата содржина преку амандманската расправа, соопшти Антонио Милошоски, пред денешната средба на работните групи. „Предложеното законско решение на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е катастрофално, во него има цензура, недозволени работи коишто не постојат ниту во најстрогите режими. Точно е дека се разговараше во идниот период кога ќе дојде темата за правосудството да биде регулирано објавувањето на прислушкувани материјали во иднина, за да нема злоупотреби. Но ова што вчера го презентираа владејачките партии беше комплетно изненадување и за нас и за странците. Очекувам денеска законот да биде повлечен“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на централната дебата од проектот „Визијата за Македонија“, која се одржува на Скопски саем. Тој потенцираше дека мора да се држат до роковите, а тоа значи денеска да се договори изборниот законик, до 15-ти октомври медиумите, а до 20-ти октомври техничката власт.Претседателот на СДСМ изјави и оти се плаши дека тајните служби располагаат со многу повеќе материјали од она што тој го има и дека може да се случи, како што рече, од некаде да летнат и да ја нарушат приватноста на луѓето.Тој остро ја демантираше изјавата на Талат Џафери дека законот бил доставен до СДСМ пред 20 дена.„Со достојната почит кон господин Џафери, ќе кажам дека тој бесрамно излажа. Може да ме демантира. На крајот, постои и неутрална страна како амбасадорот Бејли, амбасадорот Орав и господин Питер Ванхауте, кои може да кажат што навистина било“, рече Заев.Координатортот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, како еден од предлагачите на законот за повлекување на „бомбите“, ги повика претставниците на работната група кои што доцна синоќа договорија повлекување на законот, да одговорат јавно, зошто го направиле тоа.За преговорите, претседателот на СДСМ, Заев, пред денешната трибина рече дека се отворени сите прашања.„Разговорите синоќа за изборната регулатива почнаа во 25 минути до полноќ и жално е што само јас Мендух Тачи бевме присутни. Отворени се сите важни прашања, како прочистување на избирачкиот список, гласањето на дијаспората, финансирањето на партиите, застапеноста на обата пола. Има одреден напредок во некои потточки, но ниедно прашање не е до крај затворено. Денеска очекувам, како што беше даден, нели, рокот од господинот Хан, да биде постигнат договор за изборната регулатива“, рече Заев.На прашање какви се позициите на СРСМ, тој очекува да се направи прочистување на избирачкиот список за да се добие список во кој граѓаните ќе имаат доверба. Дијаспората мора да гласа, а од СДСМ нудат и формирање министерство за дијаспора. Цензусот да биде 80 осто од просечниот број на гласови или пак гласовите на иселениците да се прелеат во матичната изборна единица. СДСМ бара и цензусот за жените да биде 40 отсто, да нема донации од медиуми за партиите и блиските фирми, како и да нема донации од трети лица, односно како досега, на пример, 1.200 луѓе да донираат по 1.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.