Регион
Хаг во четврток ќе ја изрече првостепената пресуда за Радован Караџиќ
Хашкиот трибунал во четврток ќе му ја изрече првостепената пресуда на првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, по повод обвинувањата за воени злосторства и геноцид во Босна и Херцеговина од 1992-та до 1995-та година, пренесуваат српските медиуми.
По повеќегодишното бегство и криење под лажениот идентитет „доктор Дабиќ“, Караџиќ беше уапсен на 18-ти јули 2008-та година, и една недела подоцна од Белград му беше испорачан на Трибуналот во Хаг.
Неговото судење официјално започна во октомври 2009-та, а заврши во 2014-та година. За време на судењето тој се бранеше сам, без адвокат, но со помош на експертски правен тим. На денешната пресуда и Караџиќ и обвинителството на Хашкиот трибунал ќе имаат можност да врачат жалба.
Караџиќ се терети за геноцид, вмешаност во геноцид, ликвидација, убиства, казнувања, депоратција, нехумани акти и останати злосторства направени врз муслиманите, Хрватите и останатото население – несрпско население во БиХ за врема на војната во оваа држава.
Заедно со тогашниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, Караџиќ е обвинет како главен учесник во заедничките злосторства, чија конечна цел била трајно отстранување на муслиманите и Хрватите од територијата која Србија ја сметале како своја во рамките на БиХ. Покрај Војската на РС, во овие тогашни акции учествувале и ЈНА, Министерството за внатрешни работи на Србија, како и српски паравоени сили.
Како „дополнителни злосторнички акции“ на Караџиќ и Младиќ, обвинителите ги наведуваат и „ширењето на терор над цивилното население на Сараево преку снајпери и гранатирање“, понатаму „елиминирање на босанските муслимани од Сребреница“ и „земањето на лица од ОН како заложници“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Колони возила со српско знаме во Белград и Косовска Митровица за поддршка на Вучиќ
Колони возила со српски знамиња крстосуваат по улиците на Белград, по усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.
View this post on Instagram
Во центарот на северниот дел на Косовска Митровица вечерва се возеле колони возила со српски знамиња во знак на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата борба во Генералното собрание на ОН.
Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН.
Имаше 19 против и 68 воздржани. Против резолуцијата гласаа Русија, Унгарија, Белорусија, Кина, Коморите, Антигва, Сирија, Куба, Конго, Јужна Кореја, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Никарагва, Сао Томе и Принципе и Србија.
Регион
Вучиќ: Горд сум што имав можност да го бранам правото на мала земја, покажавме како се бори за Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е горд бидејќи имал можност да го брани правото на една мала земја пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) и јавно и гласно да зборува против оние кои се многу моќни.
Тој додаде дека смета дека резолуцијата, кога е во прашање легитимноста, пропаднала.
„Кога станува збор за вашата голема победа или големата победа на оние кои гласаа за неа, не би имал што друго да додадам. Само сакам да кажам дека тие луѓе кои сакаа да го стигматизираат српскиот народ не успеаја и никогаш нема да успеат, сакаа да ни стават белег на челото и не успеаја“, изјави Вучиќ.
Против резолуцијата гласаа Русија, Унгарија, Белорусија, Кина, Коморите, Антигва, Сирија, Куба, Конго, Јужна Кореја, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Никарагва, Сао Томе и Принципе и Србија.
Регион
Додик: Според демократските принципи, резолуцијата за Сребреница пропадна
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека, што се однесува до демократскиот свет и она што нè учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН и таа пропадна.
„На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту огромно мнозинство“, нагласи Додик.
Повтори дека Владата на Република Српска го покренала прашањето за мирно одвојување од Федерацијата Босна и Херцеговина, бидејќи, како што истакна, нема причина после ова да останат и да живеат заедно во Босна и Херцеговина.