Македонија
Партиите не се противат на зголемувањето на породилното отсуство

Граѓанската иницијатива за измена на законот за работни односи, со која се бара зголемување на времетрањето на породилното отсуство од 9 на 12 месеци, предизвика широка дебата кај пратениците на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Расправата почна откако претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, информираше дека има пропуст во уредноста, односно во иницијативата наместо да стои промена на член од закон,стои промена на закон за породилно отсуство.
„Проблемот не е во содржината на иницијативата, јасно ни е за што станува збор и даваме целосна поддршка. Единствен пропуст е што ние не менуваме закон за породилно отсуство затоа што таков закон не постои“, рече Кирацовски.
Во името на 270-те граѓани кои се потпишале за доставување на овој предлог зборуваше овластениот предлагач Снежана Кузмановска, која рече дека дека овој пропуст е ненамерна грешка.
„Ние не ги знаме процедурите, се фокусиравме на суштината, како и на тоа како таа најбрзо да стигне до законодавниот дом. Но,сепак, сум задоволна што има широка подддршка од пратениците”, рече Кузмановска.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ даде зелено светло на иницијативата и предложи таа да се прифати како што е поднесена со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.
„За нас иницијативата е уредна и ние ќе ја прифатиме. Јасно е дека се работи за член од закон, што потоа може со амандман додавка да биде посеопфатен“ рече Милошоски.
Иако пратениците од сите политички партии дадоа подршка, не успеаја да се договорат како ќе гласаат. По пауза од половина час дебатата ќе продолжи.
Габриела Димковиќ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Студеничани и Гази Баба

Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 23.05.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат дел од жителите на опшштините Студеничани и Гази Баба.
Од 09.00 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Батинци. (Општина Студеничани).
Од 11.00 до 14.00 часот корисниците од улица бр. 1 во нас. Трубарево. (Општина Гази Баба).
Македонија
Сончево време, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h).
Од вторник ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.
Македонија
Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје.
Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година.