Македонија
ВМРО-ДПМНЕ негира дека се луксузирала
ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лажни вести извештаите за луксузното преуредување на седиштето на владата посочувајќи дека, откако е завршена реконструкцијата пред две години, двајца технички министри и тројца технички заменици министри на СДСМ со право на вето безброј пати биле во овие простории и освен дека се репрезентативно реновирани, не чуле од нив друг коментар.
„Зградата на владата на Македонија е реновирана првпат откако е изградена. Целиот нејзин ентериер е репрезентативен како за објект од таков ранг и нема ништо луксузно.За да ја покрие својата безидејност и неработење уште во првите денови од власта, СДС пушти делумно лажни и делумно вистинити фотографии од објектот на владата и ентериерното уредување. Манипулативни и лажни беа сликите што се појавија во дел од медиумите дека во објектот имало позлатени чешми, тоалети. Објавуваа и слики од елитни хотели низ светот преставени како дел од ентериерот во владата“, стои во реакцијата на партијата.
Според соопштението, целото реновирање на објектот на владата било спроведено по објавен јавен повик, јавен тендер и електронска аукција, при што е одобрена најниската понуда.
„СДС/Сорос преку своите фејк њуз медиуми креираат вести дека нашле некакви си фактури од роденденски прослави на ВМРО-ДПМНЕ, службени ручеци и вечери. СДС/Сорос лажат дека овие фактури се од судски извори. Ова е само една пропаганда на СДС против ВМРО-ДПМНЕ. Ова е одработување на СЈО за СДС. СЈО е изгубено во просторот со шлаканици кои не се случиле и вечери кои не се изеле“, порачаа од партијата.
„Имајќи во предвид дека СДС се неработници и секој ден се по кафани, прашање е дали парите се обезбедени од членството, од рекет на бизнисмени или од некои надворешни извори“, тврдат од партијата која имаше механизми до пред една недела тоа да го утврди самата.
Според реакцијата, оградата на владата е ставена заради безбедносно-терористичка заштита, и ако е точно тоа дека се трга заради поголема транспаретност и отвореност кон граѓаните тогаш прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ зошто штабот на СДС е забарикадиран со еден куп рампи и огради, додека седиштето на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една ограда или рампа. „Значи ли тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е потранспарентна од СДС“, се вели во соопштението.Според него, седиштето на СДСМ е исто така за 200 метри квадратни поголемо од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

