Скопје
Почнува Skopje Design Week
Четвртото издание на Skopje Design Week свечено ќе биде отворено во вторник вечер (23.09) и ќе трае до 28-ми септември.
Четвртото издание на Skopje Design Week свечено ќе биде отворено во вторник вечер (23.09) и ќе трае до 28-ми септември.
Настанот ќе се одржува во Куршумли Ан, во Старата скопска чаршија, под мотото „Четврта смена“.
На отворањето ќе настапи српскиот бенд MuseTrap, кој за сите што не го слушале ќе биде вистинско изненадување на убавина, енергија и квалитетна музика а за оние кои го знаат, сигурно ќе сакаат да ги спојат двата естетски елементи во несекојдневно уживање, велат организаторите.
Влезот на Skopje Design Week е слободен за сите содржини.
Програмата е составена од активности што ќе почнуват во 10 часот претпладне, а ќе трат до доцна во ноќта.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

