Европа
Орбан: Унгарија сама да одлучува за имигрантите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на седницата на Европскиот парламент нагласи дека на државите членки на ЕУ не треба да им биде одземено правото сами да одлучуваат за илегалните имигранти на своја територија, како и да ги бранат своите граници и сопствените права.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на седницата на Европскиот парламент нагласи дека на државите членки на ЕУ не треба да им биде одземено правото сами да одлучуваат за илегалните имигранти на своја територија, како и да ги бранат своите граници и сопствените права.
Орбан ги вкрсти ставовите со европратениците и одби да го прифати системот „квота за емигрантите“, за кој рече дека само ќе го зголеми нивниот број во Европа. Унгарскиот премиер истакна дека прашањето на квоти за државите членки може да биде само доброволно, што во моментот не е случај.
Орбан изјави дека Европа мора проблемот со илегалните имигранти да го држи вон своите граници, инаку во спротивно милиони нови имигранти би дошле на нејзина територија.
„Унгарија мора сама да одлучува за политиката кон илегалните имигранти и не може да прифати за волку значајна тема да одлучува администрацијата во Брисел на место неа. Фер е да се прашаат граѓаните што мислат за тоа“, изјави Орбан.
Тој нагласи дека мора да се прави разлика помеѓу барателите на азил кои имаат право на меѓунаордна помош и економските имигранти кои се во потрага за подобар живот.
„Повеќето илегални имигранти во Унгарија доаѓаат од Косово. Таму моменто нема војна. ЕУ не се занимава доволно со проблемите на западниот Балкан и не чини доволно да го реши ова прашање“, изјави унгарскиот премиер.
Орбан истакна дека Унгарија не може да има ист став кон имигрантите со поранешните колонијални сили во Европа и не е во можност на економските имиграни да им обезбеди работа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.
Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“
Европа
(Видео) Снимен моментот кога Фридрих Мерц сфати дека сепак не е избран за канцелар

Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај.
310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц во првиот круг, што значи дека најмалку 18 пратеници на ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија, кои би требало да формираат коалициска влада, не гласаа за Фридрих Мерц.
За обезбедување на долгоочекуваните избори за наследник на Олаф Шолц му беа потребни 316 гласови.
Тоа е прв случај во историјата на СР Германија канцеларот да не биде избран во првиот круг.
Friedrich Merz unexpectedly failed to achieve the majority required to be elected German chancellor.
Here's how that moment unfolded in parliament ⬇️ pic.twitter.com/aCKkNLYqmM
— DW Politics (@dw_politics) May 6, 2025
Камерите го забележаа моментот кога лидерот на германските демохристијани сфати дека сепак не е избран за канцелар.
Европа
(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.
Massive Russian drone attack on Kharkiv last night. There were about 20 hits on the city.
Barabashovo market, the largest market in Kharkiv, is burning from the drone attacks. Thankfully, no one was hurt, although material losses from the fire will likely be huge. pic.twitter.com/USaAA67sTS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 6, 2025
Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.