Европа
Нови цивилни жртви во Донецк, бунтовниците предупредуваат дека Киев ги јакне силите

Во артилериски напад на украинската армија врз центарот на одметнатиот источен рускојзаичен град Донецк во понеделникот загинал најмалку еден цивил, додека украинската војска соопшти дека во последните 24 часа загубила уште пет војници. Челникот на самопрогласената ткн Народна Република Донецк, Александр Захарченко, исто така во понеделникот предупреди дека украинската армија ги засилува единиците по линијата на целиот фронт во областа на градот.
Локалните власти во Донецк објавија во понеделникот дека во артилериските напади врз станбени објекти во градот, кој е центарот на отпорот на рускојазичните Украинци кои не го признаваат легитимитето на прозападните власти во Киев, изминатиот викенд биле убиени 15 цивили.
Североисточно од градот милициите на проруските бунтовници ги напаѓаат единиците на украинската армија во малото гратче Дебалецево, кој стратешки железнички јазол во источна Украина, а борбите се интензивираа откако пропаднаа преговорите за примирје во саботата.
Според штабот на украинската армија за операцијата во побунетите источни региони, бунтовниците во областа околу Донецк извршиле повеќе од сто артилериски удари врз украинските позиции и станбени населби во изминатите 24 часови. Бунтовниците ги изведуваат нападите од позициите околу донецкиот аеродром, кои ги заземаа пред една седмица.
Претставникот на другата одметната самопрогласена ткн Народна Република Луганск на преговорите на Контактната група за смирување на судирите во областа позната под заедничкото име Донбас, Владислав Дајнего, претходно во саботата изјави дека според разузнавачките служби на „народната република“, украинските сили се подготвуваат за нова офанзива. Тој, како и во понеделникот Захарченко, потврди дека токму поради тоа, односно елиминирање на можноста украинските сили да ги бомбардираат градовите, бунтовничките единици ќе прејдат во напад.
„(Украинските) сили продолжуваат да ја зголемуваат својата бројност на линијата на фронтот во областа на Донецк. Забележавме значително раздвижување на опрема жива сила“, изјави челникот на ткн Донецка народна република, Александр Захарченко./крај/мф/сн
Извор: AFP/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин