Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Да мислевте на граѓаните, немаше да имаат најмали плати во регионот
„Новата влада ќе го поправи нарушениот углед на Македонија како една од земјите со најниски плати во регионот и во Европа“, порачаа денес од СДСМ, по секојдневните повикувања од ВМРО-ДПМНЕ да ги остварат ваквите предизборните ветувања место да дефокусираат со други теми.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше, имаше 11 години да работи на зголемување на платите и на животниот стандард на граѓаните. Но, спротивно на тоа, ВМРО-ДПМНЕ направи Македонија да биде една од земјите со најниска минимална и просечна плата во регионот и Европа.
Новата реформска Влада ќе работи во интерес на граѓаните и ќе ги поправи економските штети што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски им ги направија на граѓаните и државата.Минималната плата ќе се зголеми на 12.000 денари до крајот на оваа буџетска година и таа ќе важи еднакво за сите работници, вклучително и за работниците од индустријата за кожа, облека и текстил. Фирмите од оваа индустрија ќе бидат финансиски поддржани од државата што ќе ја гарантира сигурноста на работните места. Со одговорни економски политики новата Влада предводена од СДСМ ќе го поправи нарушениот економски углед на Македонија како една од земјите со најниски плати во регионот и Европа“, стои во реакцијата на СДСМ, со додавка дека , ако ВМРО ДПМНЕ навистина мисли на граѓаните, а не на криминалните интереси на Груевски ќе ги подржи економските владини политики за зголемување на платите и отворање на нови работни места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

