Свет
Од утре бесплатен роаминг во ЕУ

Од утре роамингот на територијата на Европската Унија ќе биде бесплатен.
„Укинувањето на роаминг трошоците е вистинска европска приказна за успехот. Од овој момент граѓаните кои патуваат во ЕУ за повици, пораки и за интернет преку своите мобилни уреди ќе плаќаат иста цена како дома. Укинувањето на роаминг трошоците е еден од најголемите конкретни успеси на ЕУ “, се вели во соопштението.
Операторите имаа две години да се подготват за укинување на роаминг трошоците. Во ЕУ се убедени дека тие ќе ги искористат предностите од новите правила во корист на своите клиенти. Укинувањето на роаминг трошоците е еден од темелите на единствениот дигитален пазар на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.354 лица

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.354, додека 4.850 лица се повредени, а 220 се водат како исчезнати, јавија утринава локалните медиуми.
Во исто време, шефот за хуманитарна помош на ОН, Том Флечер, ја пофали работата на хуманитарните организации и организациите во заедницата кои водат одговор на ситуацијата со земјотресот.
Според ОН, повеќе од една третина од населението на Мјанмар сега има потреба од хуманитарна помош.
Флечер вчера беше во Мјанмар, во вториот по големина град Мандалај, кој се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот.
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар на 28 март, а епицентарот се наоѓал на околу 16 километри од Мандалеј, вториот по големина град во земјата.
Уништени се згради во неколку градови и населени места, вклучувајќи железнички и патен мост на автопатот Јангон-Мандалај.
Се случи и силен последователен потрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала.
Свет
Полска ја затвора вратата; „Не им верувајте на Путин и Лукашенко, тие ве лажат“

Полскиот премиер Доналд Туск денеска најави „информативна кампања“ во седумте земји од кои доаѓаат повеќето мигранти за да ги спречат да влезат во Полска преку Белорусија.
Поради оваа миграција, која, по Варшава, беше оркестрирана од Минск и Москва, на крајот на март, Полска го ограничи правото на азил на странците по пристигнувањето на границата со Белорусија.
Туск исто така рече дека „илјадници војници, граничари и полицајци, камери и дронови го следат секој метар од границата 24 часа на ден“.
Туск не прецизираше во кои земји ќе се одвива „информативната кампања“ што ја најави.
Најголем дел од мигрантите кои сакаат да влезат во Полска се од Блискиот Исток и Африка.
„Нашата порака ќе биде едноставна: полската граница е затворена! Не им верувајте на шверцерите, не верувајте му на белорускиот претседател Лукашенко, не му верувајте на Путин! Ве лажат кога велат дека ова е патот до Европа. Тоа не е точно! рече Туск.
Според полските граничари, повеќе од 30.000 луѓе се обиделе илегално да ја преминат границата со Белорусија во 2024 година.
Полска постави метална гранична ограда висока пет метри со софистицирани уреди за надзор и распореди илјадници војници по неа.
Регион
Младо момче пропадна низ отвор на лифт во Сараево

На Природно-математичкиот факултет во Сараево денеска млад човек паднал низ отворот од лифтот, пренесува Radiosarajevo.ba.
„Денеска во 13 часот и 44 минути пријавена е оваа несреќа. Млад човек се обидел да излезе од лифтот и паднал низ отворот“, изјавиле од противпожарната бригада на Сараево.
Пожарникарите за две до три минути биле на местото на несреќата и го ослободиле, а момчето било при свест.
Откако пожарникарите го извлекле младиот човек, брзата помош дошла да го пренесе во болница.
Не е познато според написите, дали младиот човек е потешко повреден.