Црна хроника
Психички непресметлив скопјанец со пиштол и се заканувал на мајка си
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде 21-годишниот Ж.В. од Скопје, поради основано сомневање дека на 04 и 05.11.2014 гoдина сторил две кривични дела проследени со насилство – „предизвикување на општа опасност“ и „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела од областа на недозволената трговија „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На кривично правните настани претходел подолг период на девијантно однесување на пријавениот уште како малолетник, за што во периодот 2009/2014 година му се поднесени пет прекршочни пријави од Законот за оружје и две прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир.
Неговото девијантно, пред се насилничко однесување, најчесто било насочено кон мајка му со која живеел, а кулминирало на 4-ти ноември околу 21 часот, во неговиот семеен дом, кога пријавениот без никаков повод и причина, од пиштол кој го поседувал и носел без одобрение, испукал еден проектил во вратата од дневната соба, каде седел заедно со мајка му и неговата девојка. Мајката исплашена од тоа што се случило, но и сакајќи да го заштити синот, случајот не го пријавила во полиција, а со него се договорила наредниот ден да одат во Клиничкиот центар, каде од страна на психијатар ќе му биде пружена стручна медицинска помош.
Наредниот ден, како што предтходно се договориле, Ж.В. и мајка му, околу 08:00 часот заминале во Клинички центар и кога пристигнале пред Клиниката за психијатрија, тој извадил пиштол, кој го вперил кон мајка му заканувајќи и` се дека ќе ја убие, по што се дал во бегство. Мајката го пријавила случајот во полициска станица и набрзо потоа лицето од страна на полициски службеници на ПСОН „Центар“ е пронајден и лишен од слобода, а при личниот преглед во појасот му се пронајдени два пиштоли непозната марка.
Со соодветна наредба извршен е претрес во домот и другите простории на Ж.В. при што се пронајдени еден пиштол „Чешка Зброевка“ кал. 7, 65 со рамка во која имало четири куршуми, два зипери со наркотична дрога марихуана, еден куршум од малокалибарска пушка, еден испука проектил, четири куршуми пиштолска муниција и една опруга од огнено оружје-пиштол.
Од страна на Судија за претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење 30 дена./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед пронајдена дрога
Вчера околу 21:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е преглед на 38-годишниот Ф.Ш. од Скопје при што пронајдена е марихуана.
Ф.Ш. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Црна хроника
Двајца турски државјани уапсени на скопскиот аеродром со фалсификувани визи
Денеска околу 10 часот на скопскиот аеродром, полицијата ги приведе Г.М. и К.М., двајцата државјани на Република Турција.
При излез од државата, при извршена гранична контрола, било утврдено дека визите за Обединетото Кралство што ги приложиле биле фалсификувани.
Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

