Регион
Уставниот суд му ја укина пресудата на Санадер

Уставниот суд на Хрватска, ја укина правосилната пресуда со која поранешниот премиер Иво Санадер е осуден на единствена казна затвор од 10 години, за случаите „Hypo” и „Ina-MOL”, објави загребскиот весник „Јутарњи лист“.
Уставниот суд на Хрватска, ја укина правосилната пресуда со која поранешниот премиер Иво Санадер е осуден на единствена казна затвор од 10 години, за случаите „Hypo” и „Ina-MOL”, објави загребскиот весник „Јутарњи лист“.
Повикувајќи се на неофицијални информации од два извори, од кои едниот е Уставниот суд, се наведува дека седницат аза уставната тужба на поранешниот премиер на Хрватска е одржана во вторникот.Не е познато дали одлуката е донесена едногласно и кои ќе бидат нејзините конкретни последици, пишува „Јутарњи“ и додава дека е извесно дека судењето на Санадер во овие предмети ќе биде повторено.Усвојувањето на уставната тужба практично значи дека правосилната пресуда за Санадер е укината.Не се познати причините за укинувањето, односно кои уставни права на Санадер му биле прекршени во текот на кривичната постапка.Против Санадер во 2011 година подигнато е еобвинение со кое се товареше дека за 10 милиони евра мито со претседателот на Управата на МОЛ, Золт Хернади договорил промена на акционерскиот договор со кој управувачките права од Ина ги предал на МОЛ.Ова обвинение беше поврзано со претходното за воено профитерство, со кое Санадер беше обвинет дека како заменик министер за надворешни работи за време на војната во 90-тите години од банката ипо зел провизија од 3,6 милиони куни.Санадер за тие две кривични дела е осуден на единствена казна затвор од 10 години, потврдена од Врховниот суд./крај/јл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Регион
(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 tx pic.twitter.com/8rAciLoxVe
— Petar Petrovic (@tombomn) July 4, 2025
Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.
Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.
Регион
(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.
Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8
— TV N1 Beograd (@n1srbija) July 4, 2025
На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.
Minut nakon što su građani blokirali raskrsnicu kod Osnovnog suda, policija je napravila obruč i primorala ih da se presele na trotoar.
Građani odatle idu ka crkvi Svetog Luke, gde ih čeka policijski kordon .
🎥 @stjdznstj pic.twitter.com/EprfuPUI1m
— Južne vesti (@juznevesti) July 4, 2025
Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.
Hapšenje studenata FDU-a ispred Fakulteta dramskih umetnosti!!! Na livadi. #svinaulice pic.twitter.com/3jKhzuuEpL
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) July 4, 2025
Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.