Македонија
Заев за договорот со Бугарија: Може и да не биде потпишан
„Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан во три јазични верзии – англиски, македонски и бугарски. Ако биде договорен, ќе биде потпишан и на нашиот официјален македонски јазик и ќе стои потписот на премиерот на Бугарија. Тоа е важна работа за Македонија, тоа е признавање на нашиот јазик“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница одговорајќи на обвинувањата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се крие содржината на договорот што, според нив, им штети на македонските национални и државни интереси.
– Бугарија е првата земја што ја призна Република Македонија под уставото име. За овој договор претходната власт правеше искрени напори и видов до каде се стигнати, нешто за што немав информации како шеф на опозицијата. Видов дека се стигнати во сериозна фаза и тоа го поздравувам. Требаше веќе да го завршиме. Ги знам разговорите и на поранешното раководство на Владата , информиран сум процедурално онака како што личи за се. Бугарија преку овој договор сака искрено да ги тргне тегобите коишто постоеле помеѓу двата соседа за да ја поддржи Македонија на својот пат кон ЕУ – рече Заев.
Тој наедно нагласи дека од императивно зчаење е Македонија да напредува кон ЕУ и НАТО.
– Бугарија ја признава нашата посебност и нема проблем со тоа. Но, истовремено не можеме да кажеме дека немаме дел од заедничка историја на Балканот овде, во Европа или слично. Да не прејудицираме нешто што би било поприлично незгодно по вакви прашања што се од заеднички интерес за стратешките определби зад коишто сите стоиме, а тоа се ЕУ и НАТО. Затоа да бидеме навистина внимателни – истакна Заев.
Во делот на учебниците, Заев рече дека за тоа ќе треба да се изјаснат експертите.
– Дајте ние политичарите да обезбедиме амбиент да градиме пријателство. На оваа наша земја и требаат соседите и повеќе пријатели. Во тој дух се обраќам за да информирам дека ние можеби ќе немаме договор. Никој не може да каже дека ќе постигнеме договор. Јас сум среќен што направивме уште еден чекор по повеќе успешни чекори што, пред мене и пред оваа влада, биле направени – рече премиерот Заев во Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

