Надворешна политика
Иванов – Чичек: Македонија благодарна за поддршката од Турција за НАТО
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделникот се сретна со Претседателот на Големото Национално Собрание на Турција, Џемил Чичек при што изразија задоволство од одличните односи и континуираниот нагорен тренд во соработката меѓу двете земји на сите нивоа.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделникот се сретна со Претседателот на Големото Национално Собрание на Турција, Џемил Чичек при што изразија задоволство од одличните односи и континуираниот нагорен тренд во соработката меѓу двете земји на сите нивоа.
Поздравувајќи ја досегашната парламентарна соработка, Иванов изрази надеж дека и во наредниот период парламентарната соработка ќе даде свој придонес во натамошното јакнење на односите и збогатувањето на соработката.
Иванов изрази благодарност за принципиелната поддршка од Турција за членство на Македонија во НАТО.
„Високо го вреднуваме фактот што Република Турција е долгогодишен и гласен поддржувач и промотор на стратешките цели на Република Македонија“, рече претседателот Иванов на средбата.
Двајцата соговорници ја поздравија економската соработка која бележи нагорен тренд, со очекување за нејзино интензивирање. На средбата беше разговарано и за интензивирање на соработката во сферата на одбраната и безбедноста, културата, образованието, како и на мултилатерален план.
Иванов изрази очекување за зајакната соработка во рамките на Алијансата на цивилизациите, имајќи предвид дека Турција е еден од основачите на оваа иницијатива во Обединетите нации.
Претседателот на Големото Национално Собрание на Турција, Чичек нагласи дека Македонија е важен партнер на Турција и дека, како и досега, Македонија може да смета на поддршка од Анкара./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.