Надворешна политика
Македонија останува посветена во унапредувањето на регионалната соработка во одбраната
Во периодот од 3-ти до 5-ти јуни во Тирана, заменикот на началникот на Генералштабот (ЗНГШ) на АРМ, генерал – потполковник Насер Сејдини, учествува на годишниот состанок на замениците на началници на Генералштабови во рамките на процесот на соработка меѓу министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ).
Во периодот од 3-ти до 5-ти јуни во Тирана, заменикот на началникот на Генералштабот (ЗНГШ) на АРМ, генерал – потполковник Насер Сејдини, учествува на годишниот состанок на замениците на началници на Генералштабови во рамките на процесот на соработка меѓу министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ).
На состанокот учесниците од земјите-членки и претставниците од меѓународните организации дискутираа за прашања од заеднички интерес и воено политичката соработка во регионот, важноста на напорите за зајакнување на ефективноста на Мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) како инструмент за активен придонес кон безбедноста, соработката и стабилноста во рамките на СЕДМ процесот, ангажманот на СЕЕБРИГ во различни активности, вклучувајќи обука и операции и консолидација и оптимизирање на односите со меѓународните организации.
Во оваа прилика замениците началници на Генералштабовите потврдија дека земјите го финализираа и потпишаа документот за локацијата на Командата на СЕЕБРИГ и табелата на критичните ротациски места.
Генералот Сејдини во своето обраќање истакна дека Македонија е цврсто посветена на унапредување на регионалната соработка и натамошното јакнење на дијалогот во регионот, притоа наведувајќи дека СЕЕБРИГ е еден од најзначајните проекти во рамките на СЕДМ и затоа мора да се продолжи да се вложува во нејзиниот развој.
ЗНГШ на АРМ, потенцира дека Македонија останува доследна на своите ставови по однос на учеството на оваа бригада во операциите предводени од НАТО, ЕУ или ООН. Генералот, земајќи ги предвид современите безбедносни предизвици и константни промени во безбедносното опкружување, истакна дека е потребно постојано прилагодување на овој процес, а изработката на СЕДМ Стратегискиот преглед како основа е правилен чекор кој ќе понуди вистински одговор во процесот на донесување на одлуки.
На крајот на својот говор, генералот Сејдини и се заблагодари на Романија за одличната соработка за време на нејзиното претседателство со Секретаријатот на СЕДМ – координативниот комитет и политичко воениот управен комитет на СЕЕБРИГ и им посака успех во работата на идните претседавачи со Секретаријатот – Турција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.