Европа
ЕК гневна на француско-германските критики

Европската комисија потсети во петокот на своите предлози за помош на државите членки на Европската унија коишто се соочуваат со незапаметениот прилив од имигранти, во одговорот на критиките за нејзиното дејствување што ги упатија министрите за внатрешни работи на двете највлијателни земји во ЕУ, на Франција и Германија, Бернар Казанев и Томас де Маизиере.
„Комисијата напорно работеше целото лето да им даде финансиска помош на државите членки и покрена центри за прифаќање и ја забрза постапката за враќање (во земјите на потеклото)“ изјави во петокот комесарот за надворешни работи на Европската комисија, Димитрис Аврамопулос за AFP.
Таканаречените „хот-спотс“ центри се поставени во Грција и во Италија во кои имигрантите ќе бидат одведуван на идентификација, при што ќе биде извршено раздвојување на лицата коишто може да добијат статус на бегалци и економски имигранти, од оние кои ќе видат вратени.
„Ги преземавме сите мерки за наскоро да можеме да гои претставиме конкретните законодавни проекти за програмата за постојано сместување за барателите на азил и европска листа од земји“, додаде Аврамопулос.
Деновиве иницијативата во повеќето западноевропски земји е земјите од ткн Западен Балкан, како Македонија, Албанија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, да бидат прогласени за сигурни земји, од аспект на економската и состојбата со човековите права.
„Ги интензивиравме напорите за почитување на правилата од Даблин (разгледувањето на молбите за азил во ЕУ –з.м.) за 28-те земји членки из а покренување на европската солидарноста во полза на земјите членки кои имаат најголеми потреби“, заклучи Аврапомулос.
Европската комисија е особено изненадена од критиките на германскиот министер за внатрешни работи, кој оцени дека е „неприфатливо европските институции и натамо да работата со сегашното бавно темпо“. Неговиот француски колега, Бернар Казанев, пак, бараше „усогласување“ на законодавствата за азил во ЕУ и дефиниција на списокот со земји кои се сметаат за сигурни на европско ниво./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“