Скопје
Бесплатни ужинки и излети за учениците во Карпош
Учениците од прво и второ одделение од основните училишта на територија на Општина Карпош оваа година ќе имаат бесплатни ужинки, а на учениците од прво до петто одделение ( од I до V одд.) еднодневните излети исто така ќе им бидат платени од општинската каса.
Ова беше решено на денешната седница на Советот на Општина Карпош со прифаќање на измените во Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за дејноста образование за 2014 година. Ваквата бенефиција за учениците стартуваше минатата година со бесплатни ужинки за првачињата, а предвидено е секоја година во бенефициите да се вклучуваат децата од еден клас погоре.
Инаку на денешната 19. Седница на Советот на општина Карпош беше донесена Одлука за спроведување на постапка за вршење на итна дезинфекција и дератизација на Јавните установи, општински детски градинки и општинските основни училишта на територијата на Општина Карпош, како превенција од епидемијата на жолтица.
Од позначајните одлуки кои беа донесени на денешната седница се и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стапките на даноците на имот, со која оваа давачка се зголеми за 0,5 насто, односно наместо досегашните 3 % на територија на Карпош тој ќе изнесува 3,5 %./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

