Македонија
ВМРО-ДПМНЕ лута што ги менуваат нејзините партиски директори

Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција го обвини СДСМ дека незаконски ги менува директорите на јавните институции порачувајќи дека се што ќе потпишат, направат и изготват тие, ќе биде незаконски.
„Владата уште првиот месец прави криминал. Од владата на СДСМ има целосен и апсолутен молк во однос на грубото прекршување на законите со именување на функционери на повеќе државни институции. Владата на шверцерски и илегален начин сака да протурка некомпетентни кадри кои треба да раководат со институциите“, изјави таа на прес конференцијата.
Како пример го наведе новиот директор на Агенцијата за државни службеници, член на највисокиот партиски орган на СДСМ, Спасе Глигоров,чие именување на таа функција го оцени како „груба партизација на администрацијата“.
„Дополнително не постои никаква законска основа за отповикување на досегашниот директор согласно законот за државни службеници. СДСМ спротивно на закон предложува за директор на Агенцијата за службеници партиски војник за да им ја врши грубата партизација на администрацијата“, рече Александрова.
„Законите и процедурите не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, управниот инспекторат кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДСМ ги крши на големо“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.