Свет
Денеска одлука на Меѓународниот арбитражен суд за границата на Хрватска со Словенија

Денеска одлука на Меѓународниот арбитражен суд за границата на Хрватска со Словенија
Меѓународниот арбитражен суд во Хаг денеска треба да донесе одлука за долгогодишниот спор за границата меѓу Словенија и Хрватска. Двете земји се во спор за 13 километри околу пристаништето Пиран на Јадранско Море, кој се појави во 1991 година кога Словенија и Хрватска се отцепија од поранешна Југославија.
Словенија инсистира дека на земјата ѝ припаѓа целото пристаниште, додека Хрватска смета дека има право на половина. Словенија, чие крјабрежје изнесува 46 километри, верува дека нејзиниот пристап до меѓународните води ќе биде загрозен доколку судот одлучи во корист на Хрватска, чиј брег се простира на 1700 километри. Двете земји се согласија во 2009 година спорот да се решава на судот во Хаг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Турист падна во базен откако му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.
Свет
(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција.
Смртни случаи се регистрирани во планинските северни окрузи на Пекинг – 28 во Мијун и двајца во Јанќинг. Државните медиуми не прецизираа на кој начин луѓето загинале. Обилните врнежи почнале за време на викендот и вчера се засилиле околу Пекинг и околните провинции. Во северните окрузи на главниот град наврнале до 543,4 мимиметри врнежи, објави државната агенција.
#WATCH 30 people were killed after the mountain torrents in #Beijing. #miyun #flood pic.twitter.com/kYsEkllAmY
— Ifeng News (@IFENG__official) July 29, 2025
Поради дождот, Пекинг пресели 80.322 жители, соопшти новинската агенција Синхуа. Патиштата и комуникациската инфраструктура се оштетени, а 136 села останале без струја од полноќ.
Доцна синоќа, кинескиот претседател Си Џинпинг нареди сопфатна потрага и спасување со цел да се намали бројот на жртви на минимум. Пекинг вчера издаде предупредување за врнежи и поплави од највисок степен и ги советуваше граѓаните да не ги напуштаат своите домови.
Свет
Северна Кореја: Вашингтон да ја прифати реалноста дека состојбата е сменета

Северна Кореја смета дека желбата на САД за дијалог со неа ќе остане само „надеж“ сè додека Вашингтон не успее да ја прифати реалноста дека состојбата се изменила од времето на претходните самити меѓу двете земји, пренесе државната агенција „КЦНА“.
Ким Јо-џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за која се верува дека зборува во име на својот брат, рече дека признава оти личниот однос меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп „не е лош“.
Но, ако Вашингтон има намера да го искористи тој личен однос како начин за ставање крај на севернокорејската нуклеарна програма, таквиот напор ќе биде само предмет на „исмевање“, изјави Ким Јо-џонг во соопштение пренесено од „КЦНА“.
Американскиот претседател Доналд Трамп останува отворен за соработка со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со цел целосно укинување на севернокорејската нуклеарна програма, изјави вчера функционер од Белата куќа, откако Северна Кореја рече дека го отфрла секој обид за оспорување на нејзиниот статус на нуклеарна држава.